HOTEL ZONED **** КОПАОНИК
Локација: Apart & Spa Zoned се наоѓа на регионалниот пат Копаоник-Рашка во викенд населбата, оддалечен е 3,5 км од центарот на Копаоник и 1,5 км од најблиската стаза - Сончева долина.
Хотелскиот комплекс се состои од 2 објекти кои се модерно изградени и меѓусебно поврзани со топла врска.
Содржини: рецепција, кафе бар, ресторан, детска игротека, друштвени игри, отворен јавен паркинг, затворен базе, VIP Wellness & Spa центар (џакузи, парна бања, тепидариум, фитнес), Wi-Fi..
Услуга: HB (ноќевање со појадок и вечера)
ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА 2022-23
ПРОМОЦИЈА ДЕТСКА НЕДЕЛА:
- +2 се однесува на бесплатен престој на две деца до 12 години, важат во смени 18.12-25.12.2022, 01.01-08.01.2023, 08.01-15.01.2023, 15.01-22.01.2023, 29.01-05.02.2023., во придружба на двајца возрасни за минимум 5/6/7 ноќевања.
ДОПЛАТИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ:
- Деца на возраст од 0 до 4 години се сместуваат бесплатно во придружба на двајца возрасни
- Прво дете на возраст од 4 до 12 години во придружба на двајца возрасни добива 60% попуст од цената
- Второ/трето дете на возраст од 4 до 12 години во придружба на двајца возрасни добива 70% попуст од цената
- Трет возрасен во соба добива 30% попуст од цената наведена во табелата
- Четврто/петто возрасно лице во соба добива 70% попуст од цената наведена во табелата
- За еднокреветна соба поскапувањето е 30% од цената од табелата
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Ноќевање на база полупансион (појадок и вечера)
- Користење ски остава во текот на сезона
- Превоз од хотелот до комплексот "Конаци" и назад, пред пладне во период 08:30-11:00 часот и од центар кон хотелот 15-17 часот (поаѓање на секои 30 мин.)
- Неограничено користење на содржините на базенот и wellness центарот
- Користење на салата за фитнес
- Кревет за бебе (со претходна резервација)
- Игротека за деца и забавни содржини
- Паркинг во склоп на хотелот (ограничен број на места)
- Хотелско осигурување
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-
Туристичка такса за престој 1 € по лице/ден, 0.5 € за деца 7-12 год. по ден. (плаќање при резервација)
-
Деца до 7 год. не плаќаат туристичка такса
НАПОМЕНИ:
- Услуга: HB – полупансион (појадок и вечера)
- Цените се изразени по лице по ноќевање, за уплата во денарска противвредност 1 € = 62 мкд.
- Децата добиваат попуст само кога се во придружба на двајца возрасни
- За престој пократок од 7 ноќевања се применува зголемување од 20% на цената наведена во табелата, на барање и во согласност со достапните капацитети.
- Деца под 15 години користат базен и велнес центар само со согласност и присуство на родители
- "Pet friendly" - дозволен престој на домашни миленици до 6 кг со доплата од 2000 динари и претходно одобрение од хотелот
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ И ПРОМЕНА НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
-
Секој гостин е должен во писмена форма да ја откаже или промени својата резервација
Во зависност од рокот на отказ на аранжманот, се задржуваат следните пенали од вкупниот износ на аранжманот:
- Од 9 до 5 дена пред почеток на аранжманот: 30%
- Од 4 до 2 дена пред почеток на аранжманот: 60%
- Од 1 до 0 дена пред почеток на аранжманот: 80%
- По направена резервација, промена на терминот се прави исклучиво во согласност со хотелот, според моменталните цени.
- Доколку гостинот од било која причина го прекине престојот порано, хотелот го задржува правото да не рефундира износ за неискористениот дел од аранжманот.
- Неповолни временски услови не се земаат во предвид како причина за отказ на резервација.