ZEPTER HOTEL **** ВРЊАЧКА БАЊА

На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето  и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба.
Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.
Хотелот Цептер е познат по конгресните капацитети - Сала за конференции Цептер и Сала за состаноци Цептер, со капацитет до 1.400 седишта, со можност за работа во пленарна и во секции во дури пет помали сали.

ЦЕНОВНИК за период 01. септември 2022 – 31. март 2023 година

Цени на услуга ноќевање со појадок (недела-петок):
Lux 1/2 соба = 33 € 
по лице
Studio Lux 1/2 = 35 € по лице
Deluxe 1/2 = 38 € по лице

Цени на услуга ноќевање со појадок (петок-недела):
Lux 1/2 соба = 38 € по лице

Studio Lux 1/2 = 42 € по лице
Deluxe 1/2 = 45 € по лице

Понудените цени не важат за период 29.12.2022 - 09.01.2023 - Нова година и Божиќни празници. 

Во цената е вклучено:
- Сместување на база ноќевање со појадок
- Бесплатно користење на Спа центарот: затворен базен со минерална вода, џакузи, теретана, фитнес и сауна
- Интернет
Напомена:
- Цените се дадени по лице на ден
- Доплата за еднокреветна соба +40% на наведените цени
- Минимален престој од 2 ноќевања во текот на викендите
- Доплата од +20% за 1 ноќевање во текот на викендите

Услови (пенали) за отказ на резервација:
-10% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 45 до 35 дена пред терминот
-20% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 34 до 28 дена пред терминот
-40% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 27 до 20 дена пред терминот
-80% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 20 до 15 дена пред терминот
-90% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 15 до 10 дена пред терминот
-100% ако се откаже од 10 до 0 дена пред терминот или за време на престојот во хотелот