HOTEL VICEROY ***** - КОПАОНИК
Локација: Хотелот „Viceroy“ е лоциран директно до ски терените на Копаоник.
Хотелски содржини: 2 ресторани и 1 бар, внатрешен базен и надворешен сезонски базен со отворен џакузи, СПА центар со голем избор на велнес третмани и услуги, целосно опремен фитнес центар, 24-часовна услуга, Ски остава со можност за изнајмување на ски опрема, сала за состаноци и настани, WI-Fi интернет во собите и јавните простории, подземен паркинг...
Сместување: Хотелот располага со 119 модерно опремени соби и апартмани.
Велнес и СПА содржини: Користењето на Спа центарот е само со закажување, за возрасни и деца над 14 години.
Достапноста зависи од моменталната расположливост на термини и не може да се гарантира.
* 6 соби за третмани, џакузи, надворешен и внатрешен базен (37 м2), финска сауна, био сауна, простор за релаксација, туш, салон за убавина, амам (турска бања).
Достапни третмани со доплата: масажа, ритуали за убавина на телото, арома-терапија, третмани со Талион, третмани за лице.
Pet Friendly - Доплата за престој 50 евра. (Ограничено на кучиња од мала раса, до 15 кг).
За цени и достапни термини испратете барање на следниов линк
Во Цената е Вклучено
- Цените се изразени во ЕУР, по соба, по ноќевање, и се однесуваат на избраниот тип на соба
- Шведска маса појадок во ресторанот Mountain Kitchen
- Бесплатен Wi-Fi
- Пристап до теретана
- Пристап до спа центар (во зависност од достапноста)
Во Цената не е Вклучено
- Туристичка Такса 1.28 € по лице, по ноќевање ( се плаќа во агенција )
- Доплата за Вечера 33 € по лице дневно, за дете до 11.99 год 17 € по лице дневно
- Сите услуги кои не се дел од хотелот
- Гаража 20 € Дневно
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
- Деца од 0-6,99 год. престојуваат бесплатно со двајца возрасни во соба
- Деца од 11.99-14,99 год. доплаќаат 44€ по ноќ
- Дополнително легло ( на барање ) 44€ по ноќевање
ИНФОРМАЦИИ И ДОПЛАТИ:
• Минимален престој: 3-5 ноќевања, во зависност од периодот.
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ИЛИ ПРОМЕНА НА ДАТУМ:
- Гостинот е должен во писмена форма да ја извести агенцијата за откажување или промена на датумот на аранжманот.
- Во зависност од периодот на откажување, од вкупната цена на аранжманот се задржуваат следните проценти:
- 100% доколку се откаже во период од 30-0 дена пред почетокот на аранжманот
- На веќе потврдена резервација, промена на датумот може да се направи само со согласност на хотелот.
- Доколку гостинот поради која било причина предвреме го заврши престојот, хотелот го задржува правото да не ја врати сумата за неискористениот дел од аранжманот.
- Хотелот не ги зема предвид неповолните временски услови како валидна причина за откажување на резервацијата или предвремено заминување од хотелот.
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ:
- "King room" (29-41 м2): удобна соба со брачен кревет со големина 200х200 см, софа за седење, бања со туш или када и посебен тоалет, некои од собите се со балкон (со поглед на скијачките патеки или туристичкото село).
- "Queen room" (35-41 м2): 2 посебни кревети со големина 150x200 секој, бања со туш или када и посебен тоалет, некои од собите се со балкон (со поглед на скијачките патеки или туристичкото село).
Апартмани
- Копаоник апартман (50-58 м2): удобна спална соба со брачен кревет големина 200х200 см, дневна со софа кревет, бања со туш, када и посебен тоалет, со или без балкон (со поглед на туристичкото село)
- Караман апартман - 52-81 м2: удобна спална соба со брачен кревет со големина 200x200 cm, дневна соба со софа кревет, кујна (без готвење), бања со туш, када и посебен тоалет, некои со балкон (со поглед на скијачките патеки)
- Viceroy Penthouse - 253 m2: луксузен апартман со поглед на најубавиот дел на планината Копаоник, лифт кој ве носи директно до апартманот, удобна спална соба со брачен кревет со големина 200x200 cm и Queen/двокреветна соба со 2 посебни кревети. големина 150 x 200 cm, посебна бања и тоалет, пространа дневна соба со голема софа, камин, работна маса и фотелја, трпезарија со маса за 10 лица, комплетно опремена кујна, гардеробер и голем балкон со поглед на скијачките патеки.
Сите соби и апартмани се опремени со: плакар, ТВ 55', затемнување на стакла/завеса, минибар, Nespresso кафемат, Wi-Fi, бесплатна вода, чај и кафе, пегла и даска за пеглање, бањарка и влечки, фен, козметика во бањата.