UNIQUE LIFE STYLE HOTEL ***** КУШАДАСИ
Локација: Unique Life Style Hotel 5* е врвно дизајниран хотел сместен на самата морска обала, на 5 километри од марината во Кушадаси и на 2,7 километри од најпознатата плажа во Кушадаси – Ladies Beach. Во непосредна близина се наоѓа автобуска станица, што овозможува лесен пристап до сите локални атракции како што се „улицата со барови“ (Bar Street) и други популарни содржини од ова туристичко место. Античкиот град Ефес се наоѓа на 25 км, Птичиот Остров на околу 9 км, додека познатиот Jade Beach Club е оддалечен 4 км. Од аеродромот во Измир е оддалечен околу 70 км, а од аеродромот во Бодрум 118 км.
Содржина: На располагање на гостите се: главен ресторан, два надворешни базени, 7 водени тобогани, лежалки и сончобрани покрај базените, релакс базен, 3 барови, ТВ сала, амфитеатар, фитнес центар, анимациска програма, пинг-понг, аеробик, пикадо, турска бања (хамам), сауна, Wi-Fi, конференциска сала, три детски базени, мини клуб (4–12 години) и детско игралиште.
Соби: Хотелот располага со вкупно 197 соби, поделени на стандардни и семејни. Секоја соба има купатило (туш/WC), мини бар (вода), Wi-Fi, сеф (со доплата), индивидуален клима уред, сет за чај и кафе, телефон, фен, туш и телевизор.
Стандардни соби – 23 м², за максимум 3 лица, некои со поглед кон базен. Три соби на приземје се адаптирани за лица со посебни потреби.
Делукс соби – 40 м², за 3+1 лице.
Делукс соби со џакузи на тераса – 40 м², за 3+1 лице.
Семејни соби – 35 м², имаат спална и дневна соба одвоени со врата.
Плажа: Хотелот има своја приватна песочно-каменеста плажа, каде што лежалките и сончобраните се бесплатни за гостите.
Услуга:Ноќевање со појадок.
Термин: 18.04-21.04.2025
Услуга: за 3 ноќевања на појадок
Цена по лице: 195€