Локација: Хотелот се наоѓа во местото Куштур, на околу 5 км од центарот на Кушадаси, веднаш на самата плажа. Аеродромот во Бодрум е оддалечен 110 км од хотелот. Хотелот е реновиран во 2014 година.
Плажа: Целосно песочна плажа „Тусан Бич“ со панорамски поглед кон заливот, во природна сенка од палми. Сончобрани, лежалки и душеци се бесплатни за гостите на хотелот.
Содржина на хотелот: Рецепција, лоби, 3 ресторани, 6 барови, отворени базени со дел за деца – лежалки и сончобрани бесплатни за гостите, 3 а ла карт ресторани, продавници, мини клуб (возраст од 4 до 12 години), детско игралиште и аква парк за деца, тенис, пинг-понг, бадминтон, одбојка, кошарка, пикадо, ватерполо, кану, педалинки, аеробик, гимнастика, боќање, дневна и вечерна анимација, турски хамам, сауна, парна бања, масажи, Спа центар, фризер, перална, кино, продавници, спортови на вода, шах, диско, Wi-Fi.
Соби: Делукс собите се лоцирани во главната зграда, со поглед кон градината или морето. Големина околу 28м², располагаат со бања (туш, WC и фен за коса), клима уред, мини-бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ, сет за кафе/чај, балкон и Wi-Fi. Максимално сместување: 3 возрасни и 1 дете до 13 години.
Услуга: All inclusive 24 часа – појадок, ручек и вечера на шведска маса (самопослужување).
Со доплата: Турски хамам, сауна, парна бања, масажи, Спа центар (сите услуги), лекарски услуги, фризер, перална, кино, производи и услуги во продавниците, користење телефон, моторизирани водени спортови, шах, диско, room service. Во диско клубот „Miletos“ од 23:00 до 02:00 – сите пијалаци (домашни и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, коктели и топли напитоци); во барот „English Pub“ од 16:00 до 24:00 – истите пијалаци.
Напомена: Квалитетен хотел со многу содржини за сите возрасти.
Поради помал број на гости, хотелот го задржува правото да го промени начинот на сервирање на храната. Наместо шведска маса, храната може да биде послужена по мени или со избор од неколку јадења, што во никој случај нема да влијае на квалитетот на услугата.