TERMAG HOTEL **** - ЈАХОРИНА

Хотел Термаг 4* Јахорина е модерен хотел со богата понуда на различни капацитети во текот на целата година. Зазема централно место во Олимпискиот скијачки центар Јахорина на 1550 мнв, веднаш до самата патека и жичарниците. Хотел Термаг Јахорина располага со 21 луксузно опремен апартман, 71 комфорна соба и еден претседателски апартман. Комплетниот ентериер и мебелот во хотелот е специјално дизајниран и изработен од цврсто дрво. Ресторанот на Хотел Термаг има капацитет од 200 седишта, кој нуди широк избор на локални и интернационални јадења, со посебен акцент на традиционалните јадења и деликатеси. Услугата е на шведска маса. Во непосредна близина на хотел Термаг, веднаш до самата скијачка патека се наоѓа етничкиот ресторан Колиба. Хотелот располага со базен, Спа и велнес центар, конференциска сала, услуга во соба, анимација за деца, Wi-Fi достапен низ целиот хотел, куглана, билијард, подземна гаража, изнајмување и сервис за скии...


ЦЕНОВНИК ЗА СЕЗОНА 2022-23

Цените се израсени во евра € и важат за уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд.
 
  • Наведените цени на собите се дадени по соба/на ден за 2 лица.
  • Доплата за трето дополнително легло за возрасни во LUX собите е 40% од дневната цена на собата.
  • Доплата за трет дополнителен кревет за деца од 6-12 години во LUX собите е 25% од дневната цена на собата.
  • Деца на возраст од 0-5 години престојуваат бесплатно.
  • Сите соби имаат мини бар, ТВ, сеф, телефон, фен, бесплатен Wi-Fi интернет.
  • Користењето на велнес и СПА центарот не е вклучено во цената на собата и дополнително се наплаќа. За гости во Economy и Lux соби, цената на билет за користење од 3 часа велнес пакет (базен, сауна и парна бања) е 21 € за возрасни и 10,50 € за деца на возраст од 6-12 години.
  • Може да се доплати за паркинг место во подземна гаража по цена од 21 € на ден. Резервациja не се прифаќа однапред, само врз основа на достапност во моментот на пристигнување.

Цените се израсени во евра € и важат за уплата во денарска противвредност по курс 1€ = 62 мкд
  • Наведените цени на апартманите се дадени по соба/на ден. Максималниот број за сместување на лица во апартман е 4.
  • Цените за сместување во Basic, Family и Superior апартмани вклучуваат: ноќевање, вечера, појадок, користење на велнес и СПА услуги (базен, сауна, парна бања)
и паркинг место во подземна гаража.
  • Сите апартмани имаат мини бар, ТВ, сеф, телефон, фен, бесплатен Wi-Fi интернет.
  • Доплатата за 5-то дополнително легло во Family и Superior апартманите (во зависност од достапноста) изнесува 25% од редовната дневна цена на апартманот.

УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
  • Деца од 0-5 години се сместуваат БЕСПЛАТНО во сите видови соби. Во зависност од нивната возраст добиваат дополнителен кревет или креветче.

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Туристичката такса и осигурувањето не се вклучени во цената на сместувањето и изнесуваат 1,60 евра по лице на ден. Деца од 0-12 години не плаќаат такса.
  • Доплата за свечена вечера, за сите гости кои престојуваат за време на новогодишниот период во износ од 122 € за возрасни и 62 € за деца од 6-12 години.

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:
Хотелот располага со 21 луксузно опремен апартман, 71 комфорна соба и еден претседателски апартман. Комплетниот ентериер и мебелот во хотелот е специјално дизајниран и изработен од цврсто дрво. Собите и апартманите се опремени со мини бар, сеф, сателитска ТВ, директна телефонска линија и интернет.

ХОТЕЛ ТЕРМАГ 
  • Economy room: брачен кревет, мини бар, телефон, Wi-Fi, SAT TV, со поглед на планина-MV или со поглед кон улица-FS.
  • Lux room: брачен кревет, дополнителен кревет, мини бар, телефон, Wi-Fi, SAT TV, со поглед на планина-MV или со поглед кон улица-FS.

ХОТЕЛСКИ АПАРТМАНИ
  • Basic apartment: спална соба со брачен кревет, дневна со дополнителен кревет за 2 лица, минибар, телефон, Wi-Fi, SAT TV, со поглед на планина-MV или со поглед кон улица-FS.
  • Family apartment: 2 спални соби, 1 брачен кревет, 3 класични кревети, 2 бањи, мини бар, телефон, Wi-Fi, САТ ТВ, со поглед кон предната страна кон улицата-ФС.
  • Superior apartment: 2 спални со брачен кревет, дневна со дополнителен кревет за 2 лица, 2 бањи, мини бар, телефон, Wi-Fi, САТ ТВ, со поглед на планината-MV.