СЛОВЕНИЈА

Словенија е планинска земја која се наоѓа под Алпите. Таа е држава во Средна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североисток и со Австрија на север.
Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.
На Словенија и припаѓа и мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.
Словенија е земја која изобилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се на Мариборкото Похорје. Познати се достапните и словенските бањи (топлици) во кои има многубројни базени со ладна и топла вода и се привлечни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква во него, кој е еден од заштитните белези на оваа земја.
Словенците се нација кои важат за трудољубили луѓе. Тие се горди на својата работа и резултатите кои произлегуваат како нејзина последица. Во Словенија се доста познати и крањските колбаси, прекуморската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.
Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динаридите, Панонската Низина и Средоземјето. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2 864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.
Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми - таа е трета држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е средоземна во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.
Името Словенија значи „Земја на Словенците“ на словенечки и на други јужнословенски јазици. Самото значење на „слово“, е „збор и говор“, а Словенците етимолошки се „луѓе кои (разбирливо) зборуваат“.
Ако барате совршена зелена и безбедна оаза, ова е вистинското место за вас. Словенија е зеленото срце на Европа, каде секој може да најде нешто за себе. Тешко е да се најде толку мал регион кој изобилува со толку богатства на друго место во светот. Без разлика дали уживате да пешачите по добро изгазени патеки или претпочитате кратки патчиња, каде и да одите ќе најдете неверојатни убавини и мноштво искуства скроени само за вас.
 
Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Општи информации

 
ГЛАВЕН ГРАД: ЉУБЉАНА
 
ПОВРШИНА: 20.265 km2
 
ПОВИКУВАЧКИ КОД: +386
 
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: СЛОВЕНЕЧКИ
 
ВАЛУТА: ЕВРО
 
ВРЕМЕНСКА ЗОНА: +02:00

НАШИТЕ ПОНУДИ

Галерија

Клима

LJUBLJANA WEATHER

ЗНАМЕНИТОСТИ


Интересни факти

 
  • Планините. заземаат речиси половина од словенечката територија.
  • Во словенечкиот град Марибор расте најстарата лоза на светот, стара повеќе од 400 години, која се уште дава плодови.
  • Во Словенија има повеќе од десет илјади пештери.
  • Околу 10% од целата земја е покриена со лозја. Виното овде е навистина одлично.
  • Најудобниот јавен превоз во Словенија е возот. Железничката мрежа овде ја покрива целата земја.
  • Тука се наоѓа Националниот парк Триглав, најстариот во Европа.
  • Во Љубљана, главниот град на Словенија живеат 280.000 луѓе.
  • Сите мали продавници и трговски објекти се затворени во недела.
  • Словенечкиот јазик донекаде потсетува на старословенскиот.
  • Во Словенија има 260 водопади.
  • Половина од цела Словенија е покриена со шуми.
  • Најстарото тркало некогаш ископано, Љубљанското мочуришно тркало и припаѓа на Словенија кое е старо 5000+ години.
  • Славој Жижек – еден од најпаметните современи теоретичари и критичари, кој стана икона на модерната политичка мисла и чии дела од областа на марксизмот, хегелијанизмот и психоанализата добиле меѓународни признанија е по потекло од Словенија.
  • Војната за независност на Словенија во 1991 година, позната и како Десетдневната војна беше и прва војна во Европа по Втората светска војна.
  • Во 1995 година, археолозите ја ископале флејтата „Дивје Бабе“, која е флејта направена од бедрената коска на мечка што е показател за страста на Словенците кон музиката. Се верува дека е стара 55.000 години.
  • Во 1990 година Словенија воспостави демократија за прв пат по Првата светска војна.
  • Помалку од десет илјади луѓе се дел од словенечката армија.
  • Од своето создавање во 1991 година, Словенија не била вклучена во ниту еден воен конфликт.
  • Просечниот животен век во оваа земја е околу 80 години.
  • Во некои градови во Словенија, италијанскиот и ромскиот јазик имаат статус на официјални јазици.
 
Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.