RICHMOND EPHESUS RESORT ***** КУШАДАСИ

Richmond Ephesus Resort 5*, Памучак, Кушадаси (Турција) – се наоѓа на брегот на местото Памучак, на околу 12 км од центарот на Кушадаси, 75 км од аеродромот во Измир, и 130 км од аеродромот во Бодрум. Изграден е во 1995 година, а целосно реновиран во 2016 година. Се простира на површина од 52.000 м². Се наоѓа на сопствена песочна плажа.
Содржина: Главен ресторан, а ла карт ресторани (турски, италијански – бесплатно еднаш за време на престојот, со резервација; рибен – се плаќа резервација), барови, 3 надворешни базени, внатрешен базен, 3 водени тобогани, Wi-Fi интернет во рамките на хотелот (бесплатно), сауна, турска бања, парна бања, теретана, аеробик, аква аеробик, 2 тениски терени, кошарка, пинг-понг, одбојка на плажа, мини голф, дискотека, жива музика, анимации, детски клуб (за возраст 4-12 години), надворешен и внатрешен детски базен и игралиште, масажи и други третмани во СПА центарот и турската бања, моторни водени спортови, билијард, осветлување на тениски терени, фризерски салон, продавници, докторска услуга.
Бесплатни услуги: Дискотека (влезот е бесплатен), Wi-Fi интернет, лежалки, чадори и пешкири на плажа, паркинг.
Исхрана: All Inclusive (Сѐ вклучено)
Сместување: Хотелскиот комплекс се состои од главна зграда и клуб дел. Во главната зграда се наоѓаат: 144 стандардни соби (површина од 27 м², за максимум 3 лица), од кои 4 се прилагодени за лица со посебни потреби, и 8 семејни соби (површина од 32 м², две простории одделени со врата, во едната просторија има кревети на спрат, без балкон, за максимум 3+1 лица). Во клуб делот се наоѓаат: 85 Villa Garden соби (површина од 27 м², за максимум 3 лица) и 3 Club Family соби (површина од 32 м², две простории одделени со врата, во едната просторија кревети на спрат, за максимум 3+1 лица). Сите соби се климатизирани (централен систем во главната зграда, индивидуални клима уреди во клуб делот) и имаат телефон, ТВ, сеф (со доплата), мини-бар (безалкохолни пијалоци – бесплатно, едно полнење дневно), фен за коса, балкон или тераса (освен семејните соби во главната зграда).

ВЕЛИГДЕНСКА ПОНУДА
Термин: 18.04-21.04.2025

Услуга: за 3 ноќевања на
All Inclusive (Сѐ вклучено)

Цена по лице: 139€​