ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Последно променето на: 17.01.2022
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/ сопственост на САВАНА ДОО Скопје ("Savana", "нас", "ние" и "нашите") која ги користи вашите податоци, а се однесува на нашите веб сајтови http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/, и мобилната апликација за Android и iOS, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено".
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
1. Видови на податоци кои ние ги собираме
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
3. За кои цели САВАНА ДОО Скопје ги користи податоците
4. Кога и како САВАНА ДОО Скопје открива податоци
5. Како САВАНА ДОО Скопје ги собира податоците
6. Безбедност на податоците
7. Пристап и промена на Вашите податоци
8. Социјални мрежи
9. Приватност на трети страни
10. Политика за заштита на лични податоци за деца (малолетни лица)
11. Терминологија
12. Рок на чување на собраните податоци
13. Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
14. Промена на политиката за приватност
____________________________________
1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
• пристапувате или го користите нашиот сајт;
• се регистрирате и/или се зачленувате;
• ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
• контактирате со нашата корисничка поддршка;
• давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите бизнис соработници;
• оставате коментари на сајтот;
• ја посетувате било која веб страна која прикажува наши реклами или содржини;
• купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
• се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
• давате информации на наши Бизнис провајдери;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот ("Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на е-Банк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Подари на пријател/Купи гифт картичка. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да купите аранжман/услуга/патување за пријател, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за аранжмани, производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста.
Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови/приговори, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Оптши услови за патување и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол ("IP") адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
2. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која САВАНА ДОО Скопје ја има со вас.
(а) Промотивни е-маил пораки
Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе одбиете да добивате промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
(б) Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата "Поставки на колачиња" која се појавува како Pop Up кога го посетувате http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/. За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња”.
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу САВАНА ДОО и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.
3. ЗА КОИ ЦЕЛИ САВАНА ДОО Скопје ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
• работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите/понудите/аранжманите кои ги нудиме, како и други програми;
• понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација;
• да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување;
• да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
• анализа и спроведување на истражувања;
• да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу САВАНА ДОО Скопје и нашите соработници;
• да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите соработници;
• да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
• да ви овозможиме да постирате видео содржини или да се пријавите за специјални понуди/акции, наградни игри преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме;
4. КОГА И КАКО САВАНА ДОО СКОПЈЕ ОТКРИВА ПОДАТОЦИ
Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со трети соработници (крајни продавачи на услуги). Бизнис Соработниците чии услуги и производи се продаваат и користат од Вас, може да побараат податоци за Вас како корисници кои ја купиле понудата/аранжманот/услугата/производот, со цел да ви помогнат при замената на производот/услугата. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со продавачите на крајните услуги. Ние ќе споделуваме лично идентификациони податоци со продавачот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не преземаме било каква одговорност за постапките на крајните продавачи. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени производи кои се продавале преку САВАНА ДОО Скопје. Ние немаме никаква одговорност за активностите на крајните продавачи и нивните активности не се под наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Бизнис Провајдери. Овие "трети лица - Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки/купувања, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога купувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на е-Банк со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на крајниот продавач заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за крајниот продавач на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме крајните продавачи и третите лица Бизнис Провајдери да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".
5. КАКО САВАНА ДОО СКОПЈЕ ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/ и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, телефoнски контакт и други активности потребни за реализација на услугите/производите кои ги нудиме.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, вршите купување или искористувате услуги или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. За целите на купување услуга/производ од страна на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме и емаил адреса. За целите на издавање потврда за купен производ/услуга се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политиката за колачиња”.
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис провајдери да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликацијата и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
6. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, за истото е заведена и прифатена Пријава во АЗЛП под број 11-217/1 за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци.
Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме (Комерцијална Банка) која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Плаќања преку мобилна апликација: Кога вршите купувања преку мобилната апликација имате опција по Ваша желба да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка, се со цел да се олесни купувањето и да можете со само еден клик да вршите купувања. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице, единствено штета која може да ви биде направена е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сертифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.
7. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ
Ако одберете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка на мобилната апликација, истите ќе бидат зачувани само на Вашиот мобилен уред и ние нема да имаме никаков пристап до истите. Податоците во мобилната апликација именувани "Инфо за платежна картичка" можете да ги промените и избришете во било кое време. Истите се чуваат во енкриптирана форма на Вашиот мобилен уред и доколку истиот го изгубите или ви е украден податоците нема да бидат видливи за третото лице. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сертифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.
8. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Друштвени јавни области
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој хотел/апартпан, авио компанија како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Instagram, Google Plus)
САВАНА ДОО Скопје им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Социјална мрежа, кога ќе кликнете на "Поврзи се" (Connect with Facebook) ќе ги споиме Вашите профили, ако е-маил адресите се совпаѓаат. Ако е-маил адресите не се совпаѓаат, ќе имате можност да ги споите мануелно преку опцијата “Мои Поврзувања” на Вашиот профил. Ако веќе сте најавени на http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/, но не и најавени на некоја Социјална мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку социјална мрежа ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.
9. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на http://www.savana.travel/ и https://www.online.savana.travel/ . Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
10. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)
Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на САВАНА ДОО Скопје изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи.
11. ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на САВАНА ДОО Скопје, како на пример процесирање на трансацкии, комуникациски сервиси (е-маил, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл.
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни, крајни продавачи со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, продаваат и користат.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
12. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
13. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
• право да бидете информирани за обработката на личните податоци
• право на пристап до личните податоци
• право на исправка и бришење на личните податоци
• право на ограничување на обработката на личните податоци
• право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Величе Арсова на следниов e-mail: info@savana.com.mk или прочитајте ја официјалната политика на следниот линк.
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права
Политика за заштита на лични податоци
Образец 1: Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци
Образец 2: Барање за запирање на обработката на личните податоци
14. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени
ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ:
Величе Арсова
e-mail: info@savana.com.mk
тел. +38923115826
моб. +38978400003
САВАНА ДОО Скопје
адреса: Орце Николов бр. 20 , 1000 Скопје