Villa Olympia е лоцирана на околу 250м од големата песочна плажа, во третата линија на објекти и непосредна близина на кружниот тек во стариот дел на Неи Пори. Како објект, таа се карактеризира со убаво организиран двор, како и со повеќе различни единици и капацитети за сместување. Студијата и апартманите се наменети за сместување на 2 до 4 лица на гости и истите се распоредени на вториот и третиот кат од објектот. Секое студио и апартман има соодветна опрема на мебел и мини кујна, бања со тоалет, тераса, ТВ и клима уред (со доплата), како и WiFi интернет. Паркингот за патнички возила, е можен во близина на објектот.
* Објектот е "pet friendly" и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
20% ПОПУСТ ЗА STUDIO (1/2+2) ВО ПЕРИОД 31.08-07.09.2025
7 ноќевања со превоз од 229 € 193 € по лице
7 ноќевања наем од 357 € 286 € по студио
15% ПОПУСТ ЗА ПЕРИОД 14.09-28.09.2025
7 ноќевања со превоз од 145 € 130 € по лице
7 ноќевања наем од 189 € 161 € по студио
(*понудите важат за ограничен број на соби)
ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ ОД 7 НОЌЕВАЊА
Втор кат
- Студио бр.6, тип 1/2+exb (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден единечен со широчина 90 cm)
- Апартман бр.7, тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
- Апартман бр.9, тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
- Апартман бр.10, тип 1/3+exb (еден брачен кревет со широчина 120 cm и еден брачен со широчина 120 cm)
Трет кат
- Студио бр.11, тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 120 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
- Студио бр.12, тип 1/3+exb (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден брачен кревет со широчина 110 cm)
- Студио бр.13, тип 1/2+2 (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден кревет на спрат со широчина 90 cm)
- Студио бр.14, тип 1/3+exb (еден брачен кревет со широчина 150 cm и еден брачен кревет со широчина 110 cm)
- Студио бр.15, тип 1/2 (еден брачен кревет со широчина 150 cm )
Студијата се опремени со кујна (мини или голем фрижидер со мала комора за замрзнување, решо со 2 рингли и елемент под лавабо), маса, клима, ТВ, плакар, огледало, фиокар, ролетни, завеси, тоалетите се сите со туш кадичка за стоење со вентилација. Балкон со маса и столици.
Студио број 11/12/13/15/14 се опремени со мини фрижидер со комора за замрзнувања.
Студио број 6/7/9/10 се опремени со голем фрижидер со комора за замрзнување.
Студиата бр.7/9/10 имаат кујна која е одвоена од соба.