HOTEL MONA **** ЗЛАТИБОР

Хотелот „Златибор Мона“, лоциран во самиот центар на Златибор, е опкружен со прекрасна борова шума која дополнително го збогатува целокупното доживување. Златибор е познат планински туристички центар и висинско лечилиште во југозападна Србија, сместен на надморска висина од 700 до 1.500 метри, и е оддалечен само 235 км од Белград и најблискиот аеродром.

Хотелот е дизајниран со комбинација на традиционални и модерни елементи – дрвени облоги и фини ткаенини во топли тонови – создавајќи уникатно планинско чувство во текот на целата година. На гостите им се на располагање 120 пространи и удобни соби и апартмани со модерни содржини за одмор и релаксација: сопствена бања, телевизор со кабелска телевизија, сеф, мини-бар, фен, телефон и бесплатен интернет.

Хотелот „Мона“ им нуди на гостите можност да уживаат во единствени моменти посветени само на себе.
Сите сместувачки единици се климатизирани.

Собите во хотелот „Мона“ се удобни и пријатни, совршени за релаксација – сами, во друштво на партнерот или со целото семејство. Внатрешноста е модерна, едноставна и функционална, со многу природна светлина и големи прозорци кои нудат фантастичен поглед кон преубавиот Златибор.

Богатата понуда вклучува стандардни, комфорни и супериорни соби за максимално уживање. За оние кои претпочитаат апартманско сместување, класичните апартмани или „Мона“ апартманот целосно ќе ги задоволат сите ваши потреби.

Дополнително, хотелот нуди богата палета на опции за забава, рекреација и уживање во гастрономијата, меѓу кои се рестораните „Перун“ и „Вила“, „Лада Бар“, детската играотека „Моника“, како и комплетно опремениот велнес центар „Инспириум“, достапен за сите гости.



УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ИЛИ ПРОМЕНА НА ДАТУМ:
Гостинот е должен во писмена форма да ја извести агенцијата за откажување или промена на датумот на аранжманот.
Во зависност од периодот на откажување, од вкупната цена на аранжманот се задржуваат следните проценти:
- 30% доколку се откаже до 15 дена пред почетокот на аранжманот.
- 80% 
доколку се откаже во период 14-8 дена пред почетокот на аранжманот.
- 100% 
доколку се откаже во период 7-0 дена пред почетокот на аранжманот.
На веќе потврдена резервација, промена на датумот може да се направи само со согласност на хотелот.
Доколку гостинот поради која било причина предвреме го заврши престојот, хотелот го задржува правото да не ја врати сумата за неискористениот дел од аранжманот.
Хотелот не ги зема предвид неповолните временски услови како валидна причина за откажување на резервацијата или предвремено заминување од хотелот.

Опис на Сместувачки капацитети
  • Standart Room може да се сместат 2 возрасни лица + 1 дете до 7 години (во исто легло со родители)
  • Superior Room може да се сместат 2 возрасни лица / 3 возрасни лица / 2 возрасни лица + 1 дете до 11,99 години / 2 возрасни лица + 2 деца (1 дете до 11,99 години) (2-ро дете до 6,99 години) / 2 возрасни + 2 деца ( до 6,99 години)
  • Family Room може да се сместат 2 возрасни + 2 деца (11,99 години) / 3 возрасни / 3 возрасни + 1 дете (11,99 години) / 4 возрасни лица
  • Јunior Suite може да се сместат само 2 возрасни лица!
  • Family Suite може да се сместат 2 возрасни + 2 деца (11,99 години) / 3 возрасни + 1 дете 11,99 години / 4 возрасни лица