МАЛДИВИ

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-театолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња.Малдивите се познати посвоите природни убавини - син океан, бели плажи и умерени температури. Температуритена водата и воздухот се околу 30°С во текот на целата година. Главни индустрии се туризмот и рибарството. Природните убавини се магнет за туристите и воедно туризмот претставува најважна индустрија на Малдивите. Поради прекрасните подводни корални пејсажи, Малдивите се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. Еден типичен туристички комплекс на Малдивите се состои од ексклузивен хотел на сопствен остров, населен исклучиво со туристи и хотелските работници, без друго локално население.

НАШИТЕ ПОНУДИ

Општи информации

 
ГЛАВЕН ГРАД: МАЛЕ (104.403 жители)
 
ПОВРШИНА: 395.300 (2009)
 
РЕЛИГИЈА: ИСЛАМ
 
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: МАЛДИВСКИ (ДИВЕХИ)
 
ВАЛУТА: РУФИЈА
 
ВРЕМЕНСКА ЗОНА: ГМТ +5:00

Галерија

Информации за дестинацијата

  • Малдивите се најниска земја на светот - најголемата висина на копното над морето е 2,3м. Во текот на минатиот век нивото на морето се има подигнато за околу 20см, и доколку тој тренд продолжи, се заканува со потопување на островите.Покрај тоа, Малдивите се многу чувствителен еко-систем поради тоа што коралите кои се клучен фактор за ланецот на исхраната на морскиот свет страдаат од зголемувањето на температурите и од човечкото уништување.
  • При посета на главниот град или локалните острови мажите не треба да носат кратки панталони а жените во кратки сукњи, колената и рамениците треба да бидат покриени. Во туристичките ресорти не е потребно плаќање во локална валута. Може да се плаќа во готовина со Евра или Американски долари и со кредитни картички.
  • ​Co oглед на тоа дека Малдиви е исламска земја, топлес и нудизам се строго забранети, прекршците се плаќаат со големи суми.Поседување или внес на нелегални наркотици најстрого се казнува.
  • Внес на алкохолни пијалоци, преработки од свинско месо, списанија со несоодветни содржини, оружје, харпун е забрането.
  • Јавно покажување на било која друга вера освен исламот е забрането.

ЗНАМЕНИТОСТИ

Клима

MALDIVES WEATHER

Важни информации

Визен режим: На државјаните на Македонија кои патуваат туристички на Малдиви, добиваат бесплатна виза за период од 30 дена на самиот аеродром. Потребно е да приложат важечка патна исправа, повратен авио билет и потврда/резервација за уплатен туристички аранжман.
Важност на пасош: Рок на важење на пасошот при патувањето мора да биде најмалку 6 месеци.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Каква е климата на Малдиви и кога е најповолен период за патување?

Климата на Малдиви е со просечна температура помеѓу 29 и 32 степени, со повремени тропски врнежи. Најповолно време за патување е во периодот околу божиќните и новогодишни празници, кога на Малдивите времето е суво и топло. Перодот од мај до ноември е исто така топол, но со поголем степен на влажност во воздухот и поголеми шанси за дожд. Од крајот на мај до почетокот на септември е монсунски период кој се карактеризира со повремен дожд и ветар, додека во периодот од ноември до април - североисточен монсун кој е топол и сув.

Како да отидете на Малдиви?

Најпрво треба да знаете дека денес е многу лесно и едноставно да се отиде на Малдиви, било тоа да го правите преку туристича агенција или патувањето да го планирате сами. Оваа неверојатна дестинација никогаш не ни била поблиска и подосапна, не само поради поволните цени на авио картите и поради големата конкуренција помеѓу хотелите кои со тековни попусти и цени привлекуваат гости, туку и поради фактот дека со еден клик на интернет можете да ги најдете сите информации во однос на целосната логистика за реализирање на вашиот одмор на Малдиви.

Дали е потребна виза за македонски државјани?

Државјаните на Република Македонија, при влез на Малдиви, добиваат бесплатна виза, односно истата се издава на аеродром, со предходно обезбедување на: важечка патна исправа, повратна авио карта, хотелска резервација или доказ на поседување на финансиски средства.

Дали е потребна вакцина на туристите?

За патување на Малдивите не е потребна вакцина, ниту доказ за претходна вакцинација. Освен доколку доаѓате од област зафатена со жолта грозница, односно одредени области од централна Африка или Јужна Америка.

Дали може да се патува во време на Ковид 19?

Веќе од месец јули 2020, Малдивите повторно се отворија за влез на патници од целиот свет. Секој месец се повеќе хотели ги отвораат своите врати за гости и се очекува да се вратат во нормала и да бидат целосно достапни. Отворените хотели како и меѓународниот аеродром на Малдиви, поминаа низ строги контроли во однос на безбедност и ги превземаа сите неопходни мерки, за вашиот одмор да го направат сигурен и безбеден. Малдиви се покажаа како најбезбедна и најдобра дестинација за опуштен, незаборавен и сигурен одмор.

Услови за влез на Малдиви (Ковид 19)

- За сите туристи потребен е негативен PCR тест, тестот мора да биде преведен на англиски јазик, и нашите лаборатории издаваат резултати од тестирањето на два јазици. - Негативен тест треба да поседуваат сите патници постари од 1 година и да го носат со себе во печатена форма. - При слетување на аеродромот во Мале, службениците имаат право независно да извршат тестирање на патници, доколку се покаже дека се позитивни на Ковид 19, обезбедено е место за изолација. - 24 часа пред пристигнување и заминување од Малдиви, потребно е да пополните Travel Declaration Form. Препорака е ова да го направите на аеродром при чекирање, односно пред напуштање на хотелот при враќање.

Безбедност на Малдиви

Малдивите можат да бидат изложени на опасност од цунами. Во вакви ситуации, по издавање на предупредување за опасност од страна на владата на Малдиви, потребно е да ги следите упатствата кои ги емитуваат локалните медиуми за јавно информирање и да се однесувате во согласност со нив.

Од нашиот блог

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.