Кушадаси – “остров на птиците“, името го добива по островот кој е во негова близина, а е поврзан со копното преку насипи. Камената тврдина која потекнува од 15в. и стои на средина на островот е заштитен знак на градот. Од полуостровот се гледа кон соседна Грција и островот Самос.
Кушадаси е популарна туристичка дестинација, како што е крајбрежната порта до Ефес, најпрометното пристаниште за крстарење во Турција. Како мешавина од знаменитости и амбиент на Бодрум и Мармарис, Кушадаси останува движечката сила зад егејската забавна дестинација. Од друга страна, ирските пабови, дискотеките секако создаваат незаборавна атмосфера.
Некогашното мало рибарско место - Кушадаси, денеска претставува бисер на ориентот и е еден од најпознатите туристички центри на Егејско Море. Големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот, гостопримливоста на локалните жители, благата медитеранска клима, неговите плажи (Long Beach, Ladies Beach и градската плажа) го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето и го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор.
- Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (10 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица во соба.
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за соба SV (поглед на море) во хотел SUNDAY *** (6 EUR на ден по лице, со резервација)
- Употреба на клима уред, се доплаќа во хотелите OZCAM ** и AARGAU ** ( 3-5 EUR по соба на ден)
- СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ за попусти за рани резервации или за одредени термини, побарајте кај вашиот агент или на www.savana.travel
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на релација Скопје - Кушадаси - Скопје (поаѓање во 10:00 h , паркинг СРЦ Борис Трајковски)
- Сместување во хотел и услуга по избор од табелата, на база 10 ноќевања
- Организација и реализација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)
ЗАБЕЛЕШКИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- Во хотел ARORA****, трокреветните соби немаат балкон.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 11:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во 11:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во 12:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во 12:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во 13:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Турција:
- Следниот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.