🌴 Карибски рај • 8 дена

Открија ја Куба

Хавана — Сиенфуегос — Тринидад — Санта Клара — Варадеро

Доживејте ја енергичната душа на Карибите. Калдрмести улици, класични автомобили од 1950-тите, салса ритам, врвни пури и рум — сето тоа во едно незаборавно патување.

7 ноќевања
Лет + трансфери
Вклучени влезници
Melia хотели
Виза: 22 €
Мин. 20 патници
📅 23 Октомври 2026
8 дена / 7 ноќевања
1.950 €
1.790 €
Специјална понуда во претпродажба
по лице во двокреветна соба
✈️ Резервирај онлајн
Лет со TURKISH AIRLINES
Скопје
поаѓање
Хавана
Хавана
3 ноќи
Сиенфуегос
Сиенфуегос
транзит
Тринидад
Тринидад
1 ноќ
Санта Клара
Санта Клара
транзит
Варадеро
Варадеро
3 ноќи
Скопје
враќање
Цена 1.790 € по лице / 7 ноќи
Термин 23 Октомври 2026
Вклучено Лет, трансфери, влезници, водич
Хотели Melia Cohiba / Trinidad Peninsula / Varadero
Доплати Виза 22 € / еднокреветна 185 €
Реализација Минимум 20 патници
📅

Програма на патувањето

8 дена низ најубавите делови на Куба — Термин: 23 Октомври 2026

Ден 1

Скопје – Хавана

✈️ Turkish Airlines

Состанок на аеродромот во Скопје во претпладневните часови. Лет за Куба со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Хавана во вечерните часови. По завршување на царинските формалности, трансфер со автобус до хотелот во Хавана. Ноќевање.

✈️ Лет преку Истанбул 🏙️ Хотел во Хавана
Ден 2
Хавана панорама

Хавана – целодневен разглед

📍 Панорамска тура + UNESCO

Појадок. Целодневен разглед на Хавана. Панорамски дел: тура низ метрополата вклучувајќи ги Универзитетот во Хавана, Плоштадот на Револуцијата, хотелот „Nacional" и познатото крајбрежно шеталиште „Malecón". Стара Хавана: Пешачка тура низ историскиот и колонијалниот дел на Стара Хавана (дел од светското културно наследство на UNESCO).

Ручек: Организиран ручек во локален ресторан. Попладне: Слободно време за посета на пазарот за ракотворби. Враќање во хотел. Ноќевање.

🏛️ Стара Хавана (UNESCO) 🚗 Malecón ★ Плоштад на Револуцијата 🍴 Ручек вклучен
Ден 3
Хавана улица

Хавана – слободен ден

🌳 Факултативни екскурзии

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативни екскурзии по избор. Ноќевање.

🍃 Факултативно: Вињалес – Земјата на тутунот

Поаѓање во 08:00 кон долината Вињалес. Видиковецот „Лос Хазминес" со уникатен живописен пејзаж и „моготи" — карпести ридови. Посета на плантажа за тутун. Пловење во чамци по подземна река во „Пештерата на Индијанецот" (La Cueva del Indio). Ручек во локален ресторан. Посета на Муралот на праисторијата. Враќање во Хавана.

🎩 Факултативно: Ноќна програма

Опција 1: Шоуто „Тропикана" — најпознатото кабаре во Куба со привилегирани места и пијалоци. Опција 2: Шоу „Гуахирито" — жива музика во стилот на Buena Vista Social Club, коктел за добредојде и 2 пијалоци.

Ден 4
Тринидад

Хавана – Сиенфуегос – Тринидад

🚌 Патување низ островот

Појадок. Заминување со автобус кон градот Сиенфуегос, познат како „Бисерот на југот". Разглед на знаменитостите и слободно време за ручек (во сопствена режија). Продолжување кон колонијалниот Тринидад. Сместување во хотел на база All Inclusive. Слободна вечер. Ноќевање.

🌆 Сиенфуегос 🏛️ Тринидад (UNESCO) 🎉 All Inclusive
Ден 5
Кубанска култура

Тринидад – Санта Клара – Варадеро

★ Градот на Че Гевара

Појадок. Панорамски разглед на Тринидад — совршено зачуван колонијален град. Посета на Романтичниот музеј. Дегустација во La Canchanchara — уникатен коктел од рум и мед во куќа од 18 век. Слободно време за ручек.

Продолжување кон Санта Клара — градот на Че Гевара. Посета на Мавзолејот посветен на неговиот живот. Пристигнување во Варадеро, коктел за добредојде, сместување на база All Inclusive. Ноќевање.

🏛️ Тринидад тура 🍸 La Canchanchara ★ Мавзолеј Че Гевара 🏖️ Варадеро All Inclusive
Ден 6-7
Варадеро плажа

Варадеро – одмор на плажа

🏖️ 2 дена All Inclusive

Појадок. Денови за одмор, уживање на плажа или факултативни екскурзии. Релаксирајте се на 20 километри долгите плажи со тиркизна вода, совршени за пливање и спортови на вода. Сместување на база All Inclusive. Ноќевање.

🌊 20 км плажа 🏊 Водени спортови 🎉 All Inclusive ☀️ Релаксација
Ден 8

Варадеро – Хавана – Скопје

✈️ Повратен лет

Појадок. Слободно претпладне за последно капење или шопинг. Трансфер до аеродромот во Хавана за меѓународниот лет. Полетување за Скопје со TURKISH AIRLINES со конекција преку Истанбул. Пристигнување во Скопје следниот ден во вечерните часови.

🛍️ Последен шопинг ✈️ Лет за Скопје
📋

Информации за аранжманот

Детален преглед на она што е вклучено во цената

✅ Вклучено во цената

  • Авионски билет: Скопје – Хавана – Скопје со TURKISH AIRLINES
  • Транспорт: Превоз со климатизиран туристички автобус
  • Сместување: 7 ноќевања по лице во двокреветна соба (Melia хотели)
  • Исхрана: Појадок во Хавана; All Inclusive во Тринидад и Варадеро
  • Водич: Професионален водич на англиски јазик за целата тура
  • Влезници: За сите локалитети наведени во програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

❌ Не е вклучено

  • Факултативните излети и екскурзии
  • Услуги во сопствена режија на патниците
  • Дополнителни пијалаци за време на вечерите
  • Доплата за еднокреветна соба: 185 €
  • Бакшиши
  • Задолжително патничко осигурување
  • Електронска туристичка картичка (Виза): 22 € по лице
👤 1 лице: 1.975 €
👥 2 лица: 3.580 € (1.790 € по лице)
🛌 Доплата за еднокреветна: 185 €
📄 Виза: 22 € по лице
⚠️ Минимум 20 патници за реализација на аранжманот
💰 Цените се во евра за уплата во денарска противвредност
📋 Важат Општите услови за патување на САВАНА
📍

Дестинации на турата

Пет града, безброј спомени — од колонијален шарм до карибски плажи

Хавана
★ Главен град • 3 ноќи

Хавана

Срцето на Куба. Стариот град (Habana Vieja) е UNESCO локација со колонијална архитектура од 16 век. Малекон, класични автомобили и незаборавен ноќен живот.

UNESCO Малекон Салса Класични авта
Сиенфуегос
💎 Бисерот на југот

Сиенфуегос

Елегантен град со француско влијание и неокласична архитектура. Прекрасен залив, Palacio de Valle и блиските водопади Ел Ничо.

UNESCO Француски стил Залив
Тринидад
🏛️ Основан 1514 • 1 ноќ

Тринидад

Еден од најзачуваните колонијални градови во Карибите. Калдрмисани улици, пастелни фасади и жива музичка сцена.

UNESCO Колонијален La Canchanchara
Санта Клара
★ Градот на Че Гевара

Санта Клара

Мавзолејот на Че Гевара и музејот на Револуцијата. Историски значаен град каде се одиграла одлучувачката битка.

Мавзолеј Револуција
Варадеро
🌊 Плажен рај • 3 ноќи

Варадеро

Најпознатиот плажен курорт на Куба со над 20 км бел песок. Полуостровото Хикакос нуди тиркизно море, луксузни ресорти и водени спортови за секого. Совршен завршеток на патувањето!

20 км плажа All Inclusive Нуркање Водени спортови
🗺

Мапа на маршрутата

Истражете ги сите локации и интересни места на нашата тура

Главни стопови
Знаменитости
Плажи
Ноќен живот
Природа
🎥

Доживејте ја Куба

Погледнете зошто Куба е една од најмагичните дестинации на светот

Live понуда

Резервирај директно онлајн

Реална достапност и инстант резервација преку нашата B2C платформа. Плаќање со картица, банкарски налог или во агенција.

🌴 Резервирајте го вашето место!

8 дена низ Куба • Термин: 23 Октомври 2026 • Turkish Airlines

Melia Cohiba 5* • Melia Trinidad Peninsula 5* • Melia Varadero 4*

1.950 € 1.790 €

по лице во двокреветна соба • Специјална понуда во претпродажба

или пишете на info@savana.com.mk

Цените се по лице во евра за уплата во денарска противвредност. Важат Општите услови за патување на САВАНА ДОО Скопје.