KRALJEVI KONACI ZLATIBOR
Комплексот на апартмани „Кралеви Конaци“ е уникатен во овој дел на Србија, а и пошироко. Постигнатото естетско ниво на убавина и складност, како на самите објекти, проектирани во традиционален дух, така и на пејзажот кој ги опкружува, го прават овој дел од Златибор автентична урбана целина. Самиот комфор на апартманите и пространи уредени алеи околу нив даваат целосен ужиток на нашите гости. Окружени со високи борови на падина покрај златиборското езеро, „Кралеви конaци“ нудат престој во центарот на случувањата, а сепак во тишина.
Населбата „Кралеви конaци“ располага со 26 апартмани и куќички за одмор, за сместување на 3, 4, 5 или 6 лица.
Сите апартмани во населеното место се двокатни и се состојат од приземје и спрат. Апартманите на приземје имаат дневна соба (LCD телевизор, интернет, телефон, сеф), кујна, трпезариски простор, бања со потребна тоалета и фен за коса, тераса/трем со гарнитура за седење и гаража/паркинг место. На спратот има две или три спални соби, со или без дополнителна бања, во зависност од типот на апартманот.
Во населеното место постојат:
  • Рецепциска служба која им е на располагање на гостите од 7 – 16h како и чуварска служба 17 – 07h, а секој апартман има своја гаража/паркинг место, што е бесплатно.
  • Во радиус од само 300 метри, на гостите им се на располагање затворени и отворени базени, сауни и СПА центри со специјални поволности.
  • Тематски Паркови
Во непосредна близина се наоѓаат Дино паркот, Авантура паркот, училишта за скијање и јавање. Содржини се обезбедени и за најмладите и за оние малку повозрасни.
  • Ресторани
На самото крајбрежје на езерото, во центарот на Златибор, се наоѓаат бројни ресторани, кафе барови и слаткарници со богат избор на мени.
  • Планинарење, скијање, пешачки тури, велосипедизам, фудбалски и тениски терени, параглајдинг, возење квадови и четириточкарски возила...
Златибор е вистинско место за одмор, но и за спорт и рекреација 

НОВОГОДИШНА ПАКЕТ ПОНУДА
Пакет за 4 лица
( наем на двособна дуплекс куќа )
791 
Пакет за 5 лица
( наем на трособна дуплекс куќа )
983 
Пакет за 6 лица
( наем на трособна дуплекс куќа )
1 154 

Цените вклучуваат наем на куќа по избор од табелата за 5 ноќевања


Цената вклучува:
  • Наем на избраниот апартман
  • Завршно чистење, Струја, Вода, Греење, Постелнина и Крпи
  • Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во целиот комплекс

Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса за престој, за возрасни 1 € по лице на ден, деца (0-7 години) - бесплатно, (7-15 години) - 0,60 € | (се наплатува на рецепција )
  • Хотелско осигурување во износ од 0,20 € по лице на ден, без разлика на возраста. | (се наплатува на рецепција )
  • Дневно чистење и замена на крпи не е вклучено во цената.Се извршува само на барање со доплата.

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ИЛИ ПРОМЕНА НА ДАТУМ:
Секој гостин е должен во писмена форма да ја откаже или промени својата резервација
Во зависност од рокот на отказ на аранжманот, се задржуваат следните пенали од вкупниот износ на аранжманот:
- До 20 дена пред почеток на аранжманот: БЕЗ ПЕНАЛИ
- Од 19 до 11 дена пред почеток на аранжманот: 30%
- Од 10 до 0 дена пред почеток на аранжманот: 100%
По направена резервација, промена на терминот се прави исклучиво во согласност со хотелот, според моменталните цени
Доколку гостинот го напушти хотелот предвреме или поради неповолни временски услови, хотелот не ги рефундира уплатените средства
Апартманите се чистат секој ден, пешкирите се менуваат на 3-ти ден, а постелнината на секој 7-ми ден.

Типови на апартмани и број на единици:
  • Трокреветен апартман: Се наоѓа на приземје, предвиден за 3 лица. Овој апартман има чајна кујна, трпезариски простор, дневна соба (Wi-Fi, LED телевизор, сеф), поплочен трем (гарнитура за седење) и една спална соба со француски кревет и еден соло кревет. Вкупната површина е 45 м². (1 единица)
  • Четворокреветен стандард апартман: Приземје: дневна соба (LED телевизор, телефон, Wi-Fi, сеф), кујна, трпезарија, бања (потребна тоалета, фен за коса), тераса и паркинг место, на спрат две спални соби. Вкупна површина е 58 м². (5 единици)
  • Четворокреветен супериор апартман: Приземје: дневна соба (LED телевизор, телефон, Wi-Fi, сеф), кујна, трпезариски сто, тоалет и поплочена тераса со дворно место (гарнитура за седење). На спратот се наоѓа бања и две спални соби. Вкупна површина е 68 м². (2 единици)
  • Петокреветен стандард апартман: Приземје: дневна соба (LED телевизор, телефон, Wi-Fi, сеф), кујна, трпезариски стол, бања и пространа тераса со дворно место. На спрат се наоѓаат три спални соби и дополнителна бања. Вкупна површина е 68 м². (3 единици)
  • Шестокреветен стандард апартман: Приземје: пространа дневна соба (LED телевизор, телефон, Wi-Fi, сеф), трпезарија, опремена кујна, тоалет, тераса и гаража. На спрат се наоѓаат три спални соби и бања. Вкупна површина е 85 м². (6 единици)
Шестокреветен супериор апартман: Приземје: просторна дневна соба (LED телевизор, телефон, Wi-Fi, сеф), трпезарија, опремена кујна, тоалет, тераса и гаража. На спрат се наоѓаат три спални соби и бања. Вкупна површина е 85 м².