COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ИТАЛИЈА

Согласно уредбата на италијанското Министерство за здравство од 22 февруари 2022 година, почнувајќи од 1 март (до 31 март 2022 година, датумот на кој ќе престане вонредната состојба) за влез во Италија од Северна Македонија или која било друга земја ќе биде доволно да се покаже:

- дигитален европски Ковид сертификат (потврда за вакцинација или сертификат на оздравување) или негативен молекуларен / антигенски тест

- формуларот PLF (Passenger Locator Form) во дигитална или хартиена форма. https://app.euplf.eu/#/  

Во случај да не се поседува еден од горенаведените сертификати, се применува мерката карантин во времетраење од 5 дена, со обврска да се направи молекуларен или антигенски тест на крајот на тој период.

Децата на возраст под шест години се ослободени од обврската за спроведување на молекуларен или антигенски тест.

Информациите се точни според моменталните објавени информации и се прегледуваат  и ажурираат на тековна основа од страна на персоналот на Савана. Со оглед на рапидно развивачката  природа на пандемијата предизвикана од COVID-19 појавата, Савана не може да ја гарантира нејзината точност и  не може да прифати никаква одговорност за какви било грешки или пропусти. Савана го задржува правото да додава или менува информации во секое време. Врските кон веб-страниците на трети страни се нудат од информативен каратер. 
Савана не изразува никакво мислење за содржината на веб-страниците на трети лица  и не прифаќа никаква одговорност за информации од трети страни. Треба да направите свои независни истражувања пред да се потпрете на какви било информации или материјали содржани на овие страници.
Информации за сите земји-> https://www.iatatravelcentre.com/world.php
Информации за земјите од Европа ->https://reopen.europa.eu/en