COVID 19 -> ИНФОРМАЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО Р.ГРЦИЈА

Услови за патување и влез во Грција:
- EU Digital Covid Certificate (EU DCC) или

- Негативен PCR тест (не постар од 72 часа пред патувањето) или
- Негативен брз антиген тест (не постар од 24 часа пред патувањето)

- Сертификат за вакцинација против Covid 19 (14 дена по примена втора доза од вакцината и не постар од 270 дена) или
- Сертификат за прележана инфекција од Covid-19 вирусот или позитивен тест (14 дена по прележана инфекција и не постар од 180 дена, преведен на англиски јазик)
* Деца помлади од 5 години немаат обврска да приложат сертификат.
* Документите и потврдите мора да бидат на некој од следните јазици Англиски, Француски, Германски, Грчки, Италијански, Шпански или Руски, и податоците од сертификатот мора да се исти со податоците кои се во пасошот на патникот.

Патниците кои влегуваат од Р. Македонија, се предмет на тестирање при влез во Грција, освен патници кои:
- Поседуваат сертификат за целосна вакцинација (најмалку 14 дена пред пристигнувањето).
- Поседуваат сертификат за прележана инфекција од вирусот.


Сепак, како и во 2020 година, луѓето што влегуваат во земјата преку аеродромот или преку копнените граници ќе продолжат да се тестираат преку брзи тестови по случаен избор.
Бидејќи резултатот од брзото тестирање ќе биде достапен за само неколку минути, во случај на потврден случај, лицето ќе биде спроведено во објекти наменети за изолација од „Ковид-19“ и сите трошоци ќе бидат покриени од страна на Р.Грција..
 
Важни појаснувања:
- Сите горенаведени најави може да бидат корегирани, променети и зависат од моменталната епидемиолошката состојба во Грција.
-
PLF формуларот кој е задолжителен да се прикаже при влез во Р. Грција е со важност до 15.03.2022, по овој датум истиот станува неважечки.


* НАПОМЕНА:
- Дадените информации се од информативен карактер, објавени и достапни преку јавните медиуми
- За точни и навремени информации, ве молиме користете го следниот линк -> 
https://travel.gov.gr/#/
Protocol for Arrivals in and Departures from Greece  
Информациите се точни според моменталните објавени информации и се прегледуваат  и ажурираат на тековна основа од страна на персоналот на Савана. Со оглед на рапидно развивачката  природа на пандемијата предизвикана од COVID-19 појавата, Савана не може да ја гарантира нејзината точност и  не може да прифати никаква одговорност за какви било грешки или пропусти. Савана го задржува правото да додава или менува информации во секое време. Врските кон веб-страниците на трети страни се нудат од информативен каратер. 
Савана не изразува никакво мислење за содржината на веб-страниците на трети лица  и не прифаќа никаква одговорност за информации од трети страни. Треба да направите свои независни истражувања пред да се потпрете на какви било информации или материјали содржани на овие страници.
Информации за сите земји-> https://www.iatatravelcentre.com/world.php
Информации за земјите од Европа ->https://reopen.europa.eu/en