Кемер е сместен во подножјето на планината Таурус, 40 километри западно од Анталија.
Кемер има типична медитеранска клима, топло, суво време и топло море. Има 33.000 жители, од кои 11.700 живеат во самиот Кемер, а други важни места се Белдиби, Гојнук, Камјува, Кириш и Текирова.
До раните 80-ти, ова место било рурална област, а денес игра многу важна улога во туризмот во Турција. Кемер бил познат и како Старо село. Во периодот од 1916-1917 г. година, бил изграден камен ѕид долг 23 км за да се канализира водата на планинскиот поток и да се заштити градот од поплави, што во тоа време било постојан проблем. Името Кемер се однесува на овие sидови. Исто така, може да се најде фактот дека името Кемер потекнува од турскиот јазик и значењето на зборот е појас.
До 1960 година немало патишта и можело да се пристигне само со брод. Патот е изграден во 1980 година.
Гојнук и Белдиби се наоѓаат северно од Кемер, додека Кириш, Камјува и Текирова се наоѓаат јужно од Кемер. Овие места претставуваат познати туристички дестинации кои нудат бројни хотели со нагласен комфорт и оригинални содржини, можност за добар шопинг со прошетка низ долгото шеталиште, излегување во некој од бројните ресторани или дискотеки и клубови.
Во близина на Кемер се наоѓаат остатоци од градот Фаселис во кој се сочувани споменици од римскиот период.
За љубителите на природа, препорачуваме прошетка до планината и Тахали, еден од највисоките врвови во планинскиот предел на Таурус, до кој може да се стигне со жичара за 20-на минути возење.
Кемер е важен туристички центар со голем број хотели и марина. Со подемот на туризмот, никнуваат згради, хотели и други компании. Богата е со продавници, ресторани, кафулиња, барови, пекари, продавници за сувенири и многу повеќе. Овозможува исклучителен ноќен живот со барови и клубови.
Улиците се широки, полни со цвеќиња, дрвја, зеленило и паркови. Во Кемер има пазар во понеделник и вторник. Тогаш локалното население купува производи за широка потрошувачка, овошје, зеленчук и други намирници. Кемер е одлична дестинација за летни одмори, како заради развиениот туризам, така и заради природните убавини.
Од една страна имате поглед на големиот Таурус, а од друга страна го имате едно од најубавите места за летување во овој предел.
Комбинацијата од планини и борова шума, кристално чистото море, лукскузни хотели и преубави камчести плажи, ќе придонесат да го поминете незаборавно вашиот одмор...