ЈОНСКИ БРЕГ - Убавата страна на Епир...

Како еден од најубавите брегови на Медитеранот, Јонскиот брег претставува незаменлив бисер во ѓерданот на морските убавини кои ги нудат двете блиски мориња. Веќе доволно познат на македонскиот пазар, Јонскиот брег со својата неисцрпна понуда, секоја година не иницира да откриеме уште некое ново место кое ќе го привлече вашето внимание. Ако се потсетиме на предходните понуди, тука се секако незаменливите монденски летувалишта Сивота и Парга. Но оваа летна сезона, покрај нив, сосема оправдано ќе ги додадеме и блиските места Врахос и Канали. Проширувањето на понудата е пред се' поради зголемувањето на вашиот избор, а притоа воедно и дополнително да ги истакнеме природните убавини на овој по многу нешта единствен регион во средоземјето. 

ОБЈЕКТИ И ПОНУДИ ЗА ЛЕТО 2023


ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ - 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ

Јонски брег - Ценовник со автобуски превоз  
 
  • Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
  • За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ЦЕНОВНИК ПО СОБА - НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

Јонски брег - Ценовник со сопствен превоз  
 
  • Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).



ИНТЕРЕСНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА

Тврдината на Али Паша
Посетата на оваа тврдина се организира со малото туристичко вовче кое поаѓа од шеталиштето покрај градската плажа во Парга.  Ова патување со времетрање од 1 час и 30 минути ви нуди можност да ја посетите споменатата тврдина изградена од Али Паша за време на отоманскиот период. Тврдината на Али Паша првично се користела за бомбардирање на опседнатата Парга. Тој ги натерал грчките робови да ја изградат оваа тврдина со камењата од околните брда, а по неколкунеделното бомбардирање на градот, успеал да ги натера силите на Англичаните да му ја предадат управата над Парга.

Реката Ахерон
Несомнено еден од најинтересните излети во овој регион. Излетот започнува со посета на светилиштето на мртвите - “Некроматион”. Ова светилиште сведочи за ритуалите во кои старогрчките свештеници ги залажувале луѓето со наводната нивна моќ со која можат да комуницираат со мртвите. По посетата на ова место патот води кон брдото Стефани и споменикот Залого. Овој споменик  е подигнат во чест на 63 жени кои од ова место скокнале заедно со своите деца во амбисот за да не паднат во ропството под Али Паша. Во неговото подножје се наоѓа и манастирот Свети Димитрија кој исто така се посетува. Излетот завршува со посета на селото Глики покрај кое тече реката Ахерон, за која се верува дека е митолошката река Стикс. Во нејзините свети води според легендата, Тетида го избањала својот син Ахил, држејќи го за петата при што тоа останало единственото ранливо место на неговото тело. Крстарењето со бродче низ неа секако е уште едно убаво искуство кое ќе ви остане во сеќавањето...
 Best 12 Beaches in Paxi, Greece | Greeka.com
Островите Паксос и Aнтпаксос
Излетот со брод до овие два острови е нешто за кое долго време ќе раскажувате. Можноста да се искапите на прекрасните и пусти плажи на малиот остров Антипакси или пак да ги посетите сините морски пештери под карпите на Пакси навистина преставува несекојдневно доживување. Престојот во местото Гајос на Пакси и можноста да ја вкусите свежата морска храна во малите таверни, или пак да си купите некој производ од домашно производство секако е уште едно искуство повеќе. Доколку во мирните и чисти води на Пакси успеете да сретнете и делфини, ќе биде само среќа повеќе за која вредело да го одберете овој излет.

Мостот од Арта
Овој мост  кој се наоѓа над реката Арахтос и води кон западната страна од градот Арта  несомнено е вткаен во грчкиот фолклор.
Историски гледано, мостот може да има римски или антички грчки темели, додека неговиот денешен дизајн е отомански и датира од почетокот на 17 век.
Според легендата градителите не можеле да ја завршат изградбата на мостот, бидејќи секоја вечер изградениот дел од мостот од претходниот ден се срушувал. Оваа градежна голгота се случувала се додека главниот градител, по совет на птица со човечки глас, ја жртвувал својата сопруга и ја закопал во темелите со штo го обезбедил завршувањето на изградбата. Бидејќи била погребана жива, сопругата го проколнала мостот, така што луѓето што ќе преминат ќе „паднат како лисја“, но кога сфатила дека и нејзиниот брат може да премине преку мостот, ја променила клетвата во благослов : „Како што треперат високите планини, така мостот ќе трепери, и како птици грабливки што паѓаат, така ќе паѓаат и минувачите “.

Парга како најубав град на брегот на областа Епир, се наоѓа на спротивната страна од островот Крф или пак на оддалеченост од околу 60 км на југ од градот Јанина. Парга е место кое со својот изглед и со својот дух потсеќа на старите медитерански градови. Се наоѓа покрај малиот залив, амфитетрално спуштајќи се кон морето, опкружена со шуми и вегетација на маслинови дрва. Романтичните улици со мали куќи и мноштво ресторани, таверни и кафулиња, претставуваат главна негова карактеристика. Темпото на космополитскиот дух кој преку денот привидно мирува, ја доживува својата кулминација во прекрасните вечерни часови. Парга има долга традиција и прекрасна архитектура. Прекрасните плажи како Валтос и Лихнос, кои се простираат покрај блиските заливи, одморот во Парга го претвараат во постојано истражување. За многуте туристи во Парга, секако дека централното место го завзема старата тврдина која го дели градот на два дела. Погледот од неа кон малото пристаниште или кон градската плажа претставува вистинска поетска инспирација. Престојот во Парга, надополнет со мноштвото излети во нејзината околина претставува, прекрасен летен одмор. Во самата делта на реката Ахерон, или од митологијата попозната како реката "Стикс", се наоѓа местото Амудиа. Oва живописно место, според своите природно географски посебности, ќе ви овозможи во исто време да уживате на неговата голема и песочна плажа,  доколку посакате да пливате, ловите риба или пловите со брод низ реката Ахерон, да ги почувствувате и нејзините благодети.