HOTEL IBEROSTAR WAVES SLAVIJA ***** Budva

Хотел Iberostar Slavija 5* се наоѓа во близина на историскиот центар на црногорскиот град Будва и Словенската плажа, нудејќи на своите гости релаксирачки одмор со партнерот или семејството во уникатно опкружување.

Локација

Хотелот е идеално сместен во непосредна близина на стариот град Будва, каде што гостите можат да прошетаат низ шармантните, тесни улици и да уживаат во локалната историја. Освен тоа, посетителите можат да се релаксираат со тематски вечери организирани од врвни готвачи во хотелот, како и да уживаат во СПА центарот или фитнес центарот. Во близина на хотелот се наоѓаат сите содржини за богат ноќен живот.

Хотелски содржини

СПА и фитнес центар
Отворен базен
Бесплатен Wi-Fi
Бесплатен сеф
Кровен snack бар
Мултифункционален простор за разни настани
Бесплатен паркинг (со претходна резервација)

Гостите на хотелот можат да се релаксираат во СПА-центарот, кој е наменет само за возрасни и нуди: хамам, сауна, џакузи, VIP масажа во приватна соба, класични масажи и многу други третмани. За оние кои сакаат активен одмор, фитнес центарот нуди можност за тренинг во секое време.

Гастрономија

Гостите можат да изберат помеѓу отворен шведски стол или à la carte ресторан. На кровниот бар можат да уживаат во чаша вино или лесни закуски со прекрасен поглед. Навечер, тематските вечери нудат забава по цел ден поминат на плажа или во разгледување на градот.

Сместување

Собите во хотелот Iberostar Slavija 5* се дизајнирани за максимална удобност и располагаат со:
Сателитски канали
Flat-screen TV
Клима уред
Сеф
Апарат за кафе/чај
Мини-бар
Купатило со туш

Двокреветна соба

  • Површина: 29-39 м²
  • Лоцирани на: 1-7 кат
  • Балкон: можност до 12 м²


Двокреветна соба со поглед на море

  •  Површина: 30-32 м²
  •  Дополнителен кауч на развлекување
  •  Целосно опремено купатило со туш
  •  Апарат за кафе/чај


Junior Suite

  •  Лоцирани на: 1-6 кат
  • Капацитет: до 4 лица
  • Површина: 47-53 м²
  • Туш и када
  • Апарат за кафе/чај


Superior семејна соба

  •  Лоцирани на: 1-2 кат
  •  Површина: 69 м²
  •  Капацитет: до 5 лица
  •  Туш + можност за када
  •  Апарат за кафе
  •  Тераса до 14 м²

Услуга

Во хотелот е достапна ноќевање со појадок или полупансион.

Плажа

Будванската ривиера нуди прекрасни песочни плажи со спектакуларен поглед кон морето и старите градби во Будва. Плажата Могрен е совршена за уживање во зајдисонце, опкружена со планини и прекрасниот Јадран. Плажниот мобилијар (лежалки и чадори) се доплаќа.

                   Check In: 15:00    Check Out: 10:00