ZLATIBOR MOUNTAIN RESORT ***** - ЗЛАТИБОР

Локација: Хотелот е сместен во срцето на Златибор. Комплексот го сочинуваат Hotel Zlatibor Mountain Resort & SPA и Residence & suite.
Сместување: Хотелот нуди 4 различни типови на соби и апартмани, сите единици се опремени со клима
, ТВ, фрижидер, сеф, тоалет и фен.
Услуга: Ноќевање со појадок или полупансион
Содржини: A la carte ресторан, бесплатен Wi-Fi интернет,
Magnessium Spa & Wellness центар на 4.000м2, приватен паркинг во гаража (со доплата).


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Ноќевање на услуга полупансион (појадок + вечера) или ноќевање со појадок.
- Неограничено користење на содржините на Magnessium Spa & Wellness центарот на 4.000м2: рекреативен базен и џакузи од 20м, пливачки базен со димензии 25х8м, детски базен од 12м, релакс зона (тепидариум и аером.), Сауна свет (финска сауна, био сауна, инфрацрвена сауна, инфра скај сауна, солена сауна), тушеви, " cryotherapy", амам.
- Wi-FI интернет

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за престој 1.2 € по лице/ноќ, 0.6 € за дете/ноќ за возраст помеѓу 7-15 год. Деца на возраст 0-7 год. не плаќаат туристичка такса.
- Користење на гаража (доплата на лице место, без можност за резервирање однапред)
- Користење на ВИП СПА центар, масажи, козметички третмани.


УСЛОВИ ЗА ПРАВЕЊЕ РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Секоја резервација се прави со уплата на депозит од 30% од износот на резервацијата, по проследено барање до хотелот, се добива одговор во рок од 24 часа.
- Резервации направени со "Early Booking" попуст се NON-REFUNDABLE

УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За резервации направени по периодот на „Early Booking“, важат следните услови:
• 30% од вкупната вредност на резервацијата се задржува доколку резервацијата се откаже или датумот се промени од 21 до 15 дена пред почетокот на услугата.
• 50% од вкупната вредност на резервацијата
се задржува доколку резервацијата се откаже или терминот се промени од 14 до 8 дена пред почетокот на услугата.
• 100% од вкупната вредност на резервацијата
се задржува доколку резервацијата се откаже или промени 7 до 0 дена пред почеток на услугата или за време на услугата или во случај на непојавување на гостинот во Хотелот.
• Доколку гостинот го напушти хотелот пред предвидениот датум за враќање (check-out), хотелот нема обврска за поврат на средствата за неискористенито дел од престојот.

За резервации направени во периодот на „Early Booking“, важат следните услови:
• Хотелот го враќа уплатениот износ доколку резервацијата се откаже или датумот се промени над 60 денa пред почеток на аранжманот.
• Хотелот задржува износ во висина на 1 ноќевање
 доколку резервацијата се откаже или терминот се промени од 59 до 31 ден пред почетокот на аранжманот.
• 100% од вкупната вредност на резервацијата
се задржува доколку резервацијата се откаже или промени од 30 до 0 дена пред почеток на аранжманот или во случај на "no show" во хотелот.
Доколку гостинот го напушти хотелот пред предвидениот датум за враќање (check-out), хотелот нема обврска за поврат на средствата за неискористениот дел од престојот.
 
ОПЦИИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ СПОРЕД ТИП НА СОБА:
  •  "Standart Room" можност за сместување на 2 возрасни лица + 1 дете до 7 години (дели легло со родители)
  •  "Superior Room" можност за сместување на 2 возрасни лица или
    3 возрасни лица
    2 возрасни лица + 1 дете до 11,99 години 
    2 возрасни лица + 2 деца (1 дете до 11,99 години) (2-ро дете до 6,99 години) 
    2 возрасни + 2 деца ( до 6,99 години)
  •  Family Room можност за смесување на 2 возрасни + 2 деца (11,99 години) или
    - 3 возрасни
    - 3 возрасни + 1 дете (11,99 години) 
    -  4 возрасни лица
  •  "Јunior Suite" можност за сместување на 2 возрасни лица
  •  "Family Suite" можност за сместување на 2 возрасни + 2 деца (11,99 години)
    - 3 возрасни + 1 дете 11,99 години
    - 4 возрасни лица