ВИП Хотел Берово е основан во 2010 година, изграден во модерен стил и е лоциран до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини во близина на Берово, Македонија.
Се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро. Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница.
Уживајте во локалната гледка од Вашата соба. Модерна декорација, туш кабина и кревет со мека покривка, прекрасната панорама и кристално чистиот воздух, ќе придонесат за Ваш комплетен одмор и релаксација.