HOTEL VILA BOROVA **** ЗЛАТИБОР

На сончева висорамнина, недалеку од трговски центар, езеро, пазар и ски терени, се наоѓа Вила Борова – Wellness & Spa Resort, модерен комплекс од апартмански објекти, подготвен да ги угости и најпребирливите гости. Од центарот е оддалечена онолку колку што трае една пријатна прошетка.

Вила Борова е бренд кој постои повеќе од две децении. Со него управува професионален менаџмент со огромно искуство. Брендот се развивал од една вила за издавање до цел хотелски комплекс кој се состои од три изградени апарт-хотели и еден во фаза на изградба.

Објектите ја поседуваат целата техничка и градежна документација и дозволи. Изградени се од врвни материјали.

Паралелно со зајакнувањето на брендот Вила Борова се одвивал и развојот на туристичката агенција која во овие дваесет години во значителна мера обезбедува исполнетост на хотелските капацитети.

Ексклузивните апартмани Вила Борова – Wellness & Spa Resort, сместени во срцето на Златибор, ги поседуваат сите карактеристики и имиџ на луксузен објект. Атмосферата на ексклузивност и квалитет го прожима целиот комплекс, а изгледот и содржините предизвикуваат позитивни реакции и кај најсофистицираните посетители. Без разлика дали сте на одмор, службено патување или само во транзит, ќе ви овозможи совршен престој.

Нашата главна цел е да ги надминеме сите ваши очекувања. Се радуваме на секоја ваша посета, без разлика дали престојувате една ноќ или подолго. А за да го запознаете и уживате во прекрасниот Златибор, потребен ви е и квалитетен сместувачки капацитет. Погледнете ја нашата понуда и бидете наши драги гости!



Во цената е вклучено:
 
  • Цената се однесува на база на Ноќевање со Појадок 
  • Користење на Wellness & Spa центарот 
  • Користење на фитнес салата
  • Пристап до Wi-Fi интернет конекција низ целиот хотел
  • Паркингот е бесплатен доколку се реализираат повеке од 3 дена ( 9.5 дневно )

Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса од 1.2  по лице / по ден
  • Паркинг по цена од 10€ по ден
  • Детска игротека 
Услови за деца:
  • Деца 7–11,99 години: 10€ по ноќевање
  • Деца 0–6,99 години: БЕСПЛАТНО​