ХОТЕЛ СВ. НАУМ 3* - ОХРИД
Хотел Свети Наум со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости.
Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, национален ресторан „Охридска Соба“ и бар. Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна.
Толку многу убавина, историја и традиција на едно место, надополнето со сместување и услуги со највисоки стандарди е реткост да се пронајде и доживее.
Сите соби / апартмани се опремени со прекрасен мебел во традиционално/рустичен стил, повеќето со прекрасен поглед на Охридското езеро, со пространи бањи, мини бар, телефон, сателитска антена, ТВ.

 
ЦЕНОВНИК ЗА 2025
ХОТЕЛ СВ. НАУМ 4*
01.05.2025 - 30.09.2025
Еднокреветна соба47 €
Двокреветна соба
 
74 €
Суит79 €
Трокреветна соба111 €
Четворокреветна соба148 €
Екслузивен апартман132 €
Во цените е вклучено: 
  • Цените понудени во табелата се по соба;
  • Појадок;
  • Туристичка такса;
  • Деца до 3 год -100%;
  • Деца од 3 до 6 години - 50% попуст, без додатен кревет;
  • Деца од 3 до 6 години - 30% попуст, со додатен кревет;
  • Деца од 7 до 14 години -30% попуст.

Типови на соба:
  • Суит- двокреветна соба со помошен кревет+дневен престој;
  • Ексклузивен апартман-француски кревет +еднинечен кревет.