ХОТЕЛ СПОРТ 3* - МАВРОВО
Хотелот Спорт се наоѓа во спортскиот центар во селото Маврово, на само неколку метри од Мавровското езеро и претставува централна точка од која можете да ги започнете вашите дневни активности. 
Хотелот се состои од две згради со 28 Делукс гостински соби, 4 апартмани, ресторан (голем избор од исклучителни морски специјалитети, голем избор од интернационални специјалитети и традиционални македонски јадења, добра храна и вино за уживање во секое годишно време) и бар.
Сите соби се опремени со приватна бања, сателитски ТВ приемник и директна телефонска линија, работна маса и бања со туш или када и фен.                              
Овој хотел обезбедува најповолно сместување во ски центарот Маврово, преку целата година. 
Хотел Спорт, Ресорт Маврово е оддалечен 24 км од манастирот Св. Јован Бигорски и 100 км од аеродромите во Скопје и Охрид.

ЦЕНОВНИК НАСКОРО...
Цените во табелите се понудени по соба од ден.

Во цената е вклучено:
- Полупансион (доручек + вечера)
- Бесплатен Wi-Fi интернет
- Користење на СПА центар - хотел Спорт (отворен затоплен базен, сауна)
- Кафе/чај во соба за добредојде
- Туристичка такса
- Јавен паркинг (без резервација)
- Пријавување во соба: после 14:00 часот
- Одјава од соба: до 10:00 часот

Дополнителни услуги:
- Дополнителен оброк: 19 Еур
- Милениче: 5 Еур од вечер (најмногу 2 во соба)
- Рано пријавување во соба од 08:00 часот: доплата 40% од сумата за 1 ноќевање
- Доцна одјава од соба до 18:00 часот: доплата 40% од сумата за 1 ноќевање​