HOTEL & SPA SIRIUS 4* - СТРУМИЦА

Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Сместувачкиот капацитет на хотелот се состои од 116 соби, 2 сали, Кристална сала со капацитет од 400 седишта и Огледална сала со капацитет од 700 седишта.
Располага и со Spa & Wellness центар на површина од 1500 м2. Bистинско место за одмор и релаксација. Хотелот нуди: масажи, затворен базен, џакузи, солено џакузи, инфра-црвена сауна, турска и парна бања и солена бања.

ЦЕНОВНИК ЗА 2024 - 2025
ТИП НА СОБА01.12.2024 - 01.02.2025
ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА40 €
ДВОКРЕВЕТНА СОБА74 €
АПАРТМАН114 €
Во цените е вклучено:
  • Цените понудени во табелата се по соба за ноќевање со појадок;
  • Користење на спа ценатр (базен, џакузи, солено џакузи, турска бања, парна бања, инфра-црвена сауна, синска сауна);
  • Деца до 3 години -100%;
  • Деца од 3-6 години доплата од 10 €.
  • Деца од 8-12 години доплата од 17 €.
  • Деца од 13-15 години доплата од 24 €.
 
ДВОКРЕВЕТНА СОБА (TWIN)
ДВОКРЕВЕТНА СОБА (БРАЧЕН КРЕВЕТ)
АПАРТМАН
АПАРТМАН

СПА ЦЕНТАР
Затворенен базен
Затворениот базен со идеална температура од 28-30 °C , ви овозможува да уживате во пливањето.


Џакузи
Џакузито е совршеното место како за ментална, така и за физичка релаксација. Силната хидро-масажа помага при опуштање на мускулите и побрзо заздравување на спортски повреди. Топлата вода и водната масажа ги прошируваат крвните садови со што ја зголемуваат температурата на телото и ја подобруваат циркулацијата

Солена бања
Солената бања е богата со минерали кои се корисни за вашето целокупно здравје. Во комбинација со идеалната температура од 33-34 степени, солената бања ја намалува болката во зглобовите и мускулите со што Ве остава релаксирани и опуштени. Освен тоа што ја прочистува кожата на телото, оставајќи ја хидратирана и мазна, на природен начин ја обновува телесната рамнотежа.

Инфра-црвена сауна
Инфрацрвената сауна емитува зраци исти како оние на природната сончева светлина притоа филтрирајќи ја ултравиолетовата радијација. Инфрацрвените зраци без премногу да го загреваат просторот се апсорбираат во кожата и на тој начин го загреваат телото. Идеална температура: 40 – 50 °C.

Турска и парна бања
Турската и парната бања го затоплуваат воздухот преку пареа и внатре влажноста достигнува до 100 %. Температурата може да варира од 35 до 50 степени Целзиусови. Идеална температура: 40-45 °C.



 
ЗАРВОРЕН БАЗЕН И ЏАКУЗИ
ПАРНА И ТУРСКА БАЊА
ИНФРА - ЦРВЕНА САУНА