ХОТЕЛ РАДИКА 5* - МАВРОВО
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк “Маврово”, Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат.Пространите соби во хотелот Радика се во модерен и барокен стил.Спа зоната може да се користи бесплатно и вклучува сауна, топли кади, парна бања и фитнес центар. Дополнително, третманите и масажите на турски амам се достапни со доплата. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
Во цената е вклучено:
- Цените во табелата се понудени по соба за ноќевање со појадок, со вклучени туристичка такса и ДДВ;
- Деца до 5 години гратис во соба со 2 возрасни
- Деца до 5-12 години во соба со 2 возрасни доплаќаат 20€ за ноќевање
- Трето возрасно лице доплаќа 30 € за ноќевање
- СПА & Фитнесс центар: надворешен базен, внатрешен базен, Џакузи, Сауни, Парни бањи,
- Приватна кабина со солена вода, Фитнесс центар
- Пинг пoнг, Фудбалче
- Внатрешна и надворешна детска игрална
- Паркинг
- Интернет, ИП/ТВ
Дoполнителнo се дoплаќаат:
- Ручек – 26 € по oбрoк по лице/ 15€ за деца во висока сезона.
- Вечера – 26 € по oбрoк по лице/ 10€ за деца во средна сезона.