ПОПОВА КУЛА 4* - ДЕМИР КАПИЈА
Попова Кула е уникатен комплекс кој опфаќа винарија, стилизиран хотел со 33 соби, ресторан со прекрасна тераса и летен отворен дел, детско игралиште и широк двор, автокамп и продавница за вино и подароци. Самата локација плени со своето прекрасно опкружување но и со фантастичниот поглед. Ова е едно од најубавите места за различни настани како што се свадби на отворено, забави, тим-билдинг, семинари и конгреси. Нашиот тим од професионалци ќе се потруди вашиот престој кај нас да биде ваша најсподелувана убава приказна.
ВЕЛИГДЕНСКА ПОНУДА
18.04-21.04.2024
Цена по лице: 89€ ноќевање со појадок

Музика во живo
Понеделник 21.04. од 14 часот
ЦЕНОВНИК ЗА 2024-2025
ХОТЕЛ ПОПОВА КУЛА
BB (ноќевање со појадок)
минимум 2 лица
 
Еднокреветна соба60 €
Двокреветна соба40€
Апартмани со џакузи60 €
Апартмани Картошија65 €
Апартмани Станушина50 €

Во цените е вклучно:

  • ​Цените понудени во табелата се по лице за ден за услуга ноќевање со појадок.​
  • Деца до 7 години – бесплатно

Во цените не е вклучено:
  • Деца од 8-17 години – доплата 10 евра
  • Над 18 години - доплата од 20 евра
АКТИВНОСТИ И ПРОШЕТКИ
РЕКА ДОШНИЦА
Една од најчистите реки во околината,богата со вкусна пастрмка. Реката е позната кај авантуристите и трагачите по злато, бидејќи се смета дека во минатото околу речното корито била вршена експлоатација на злато.

ДОЛИНА НА КАКТУСИ
Долината на кактусите која се наоѓа во близина на напуштеното село Клисура, на околу 5 км јужно од градот Демир Капија. На јужната падина на висорамнината Краставец, еден посебен вид на џуџест кактус, кој како форма е многу редок, успеал да се прилагоди на тамошните природни климатски услови и да опстане, благодарејќи на влијанието на медитеранската клима од Егејот.
  

КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ
Демир Капија е едно од најдобрите места во Македонија за качување, планинарење, пешачење, риболов и други активности на отворено. Има 16 сектори за спортско искачување, повеќе од 200 правци имаат различна категорија на потешкотии.Многу карпи се наоѓаат во близина на патиштата и инфраструктурата, што овозможува брз пристап до повеќето од качувачките сектори.

ТОПЛИ ВИРОВИ НА РЕКАТА “ДОШНИЦА” 
Вистинско скриено богатство за посетителите - освежете се и сплотете се со природата. Пред самиот влез на р. Дошница во демиркаписката долина, реката има формирано природни вирови погодни за освежување. Водата во вировите летно време е затоплена од сонцето, но и од акумулираната топлина од карпите коишто ги опкружуваат. 


Цена на водич 20 евра од час. Секоја прошетка е од 2-4 часа.
ДЕГУСТАЦИИ НА ВИНА
1. Запознај ја Станушина- 52€  - Порција специјални сирења, пилешко со 4 вида сирење, Станушина Розе, раванија.
2.Запознај го кралот Вранец- 98
- Вранец Класик и Аристократ, Вранец Перфејт Чоис, Вранец Виктори, порција пршута и специјални сирења, свинско филе, чоколадна торта.
3. Од срцето на регионот- 83€ - Жилавка, Станушина Розе и Класик, Вранец, Темјаника Аристократ, македонска салата, порција пршута и специјални сирења, свинско ребро во фурна, раванија.
4. Меѓународни сорти- 74€ - Совињон Блан, Шардоне Аристократ, Пино Ноар, Кабаре Совињон Аристократ, Мускат Отонел, салата домати, босилок и козјо сирење, свинско печење со сос од модри сливи, чиз кејк.
5. Бели вина- 82
- Жаливка, Совињон Блан, Шардоне Аристократ, Мускат Отонел Темјаника слатка, Попова Кула салата, пастрмка филета, раванија.
6. Црвени вина - 80
- Станушина Класик, Прокупец, Кабаре Совињон Аристократ, Вранец Аристократ, Калеш, порција пршута и специјални сирења, свинско ребро во фурна, чоколадна торта.
7. Зреено во буре - 124€ - Шардоне Барик, Станушина Барик, Кабаре Совињон Аристократ, Вранец Аристократ, Кабаре Совињон, Вранец, салата Примавера, порција пршута и специјални сирења, тава Попова Кула, чоколадна торта.
8. Аристократ - 68 
Шардоне Аристократ, Кабаре Совињон Аристократ, Вранец, Темјаника Аристократ, салата домати босилок и козјо сирење, свинско филе, раванија.

Цените се по лице со вклучена храна и дегустација на вина.