HOTEL PLANINKA - КУРШУМЛИСКА БАЊА
Куршумлиска Бања е сместена на околу 450 м надморска височина, во котлината на реката Бањска. Се наоѓа на 272 км од Белград, 73 км од Ниш, 78 км од Крушевац и 11 км од Куршумлија.
Куршумлиска Бања е позната по широкиот спектар на различни термоминерални води чии температури се движат од 14°C до завидни 67°C. Термоминералната вода која се користи во медицинскиот блок на хотелот "Планинка" и базените припаѓа на категоријата високо минерализирани, слабо-кисел натриум, хидрокарбонатни хипертеми. На гостите, во рамките на лекувањето, им е достапна и лековитата кал, направена во комбинација со термалната бањска вода, чиј изразен терапевтски ефект благотворно делува на ревматски заболувања.
Благодарение на уникатните карактеристики на термоминералните води, балнеолошките сознанија и медицинските истражувања, утврдени се следните индикации за лекување во Куршумлиска Бања:
- Воспалителен ревматизам: ревматоиден артритис (фаза на ремисија), Бехтерева болест (почетен стадиум)
- Дегенеративен ревматизам: спондилоза (осификација) на вратниот и лумбалниот дел од ‘рбетот, дискарртроза, дискус хернија со или без радикулопатија (пр. лумбоишијалгија, цервикобрахијалгија), гонартроза, коксартроза, остеоартроза на мали зглобови на рацете и нозете
- Екстраартикуларен (вонзглобен) ревматизам: фиброзитис, тендинитис, бурзитис, епикондилитис („тениски“ и „голферски“ лакт)
- Метаболички болести на зглобовите и коските: остеопороза, гихт
- Сите видови спортски повреди
- Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем (состојби по вградување на вештачки колкови и колена).
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Сместување во Двокреветна соба
Отворен и внатрешен базен
Полу-олимписки базен
Базен за релаксација со термална вода
- Употреба на Велнес центар:
Сауни
Парна бања
Тепидариум
Солени соби
Собата за релаксација
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за престој 1.2 € по лице/ноќ, 0.6 € за дете/ноќ за возраст помеѓу 7-15 год. Деца на возраст 0-7 год. не плаќаат туристичка такса.
ДОПЛАТИ
- Еднокреветна соба: 10 € дневно.
- Престој во комфорт соби: 6 € по лице дневно.
- Престој во апартман: 14 € по лице дневно.
- Деца до 7 години престојуваат бесплатно, од 7-10 години плаќаат 50% од наведените цени со придружба на две возрасни лица.