HOTEL PALAS **** - ПЕТРОВАЦ
Хотел Палас со четири ѕвезди е сместен во Петровац, мало приморско место кое се одликува со блага медитеранска клима, прекрасни песочни плажи, скриени заливи и гостопримливи мештани. Самиот хотел е лоциран во централниот дел на местото, опкружен со портокали и маслинови дрвја, во заливот на Петровачкиот залив, со поглед кон двата острови: Катиќ и Света Недела.

Знаменитостите на овој мал град го прават идеален избор за семејства, постари лица, парови, како и за сите што бараат идилична атмосфера за одмор.
Хотел Palas е модерен хотел со класични елементи, кој располага со 171 сместувачка единица – 151 соба, 8 семејни соби и 4 апартмани (од кои 90 соби имаат поглед кон морето).
Секоја соба, освен апартманите, е двокреветна со можност за додавање дополнителен помошен кревет, додека бројните тераси и големите зелени површини ја зголемуваат привлечноста на овој модерен хотел.

Содржини:
15€ дневно (во зависност од достапноста)
Бесплатен Wi-Fi
Базен
Аптека
Ресторани
Спа и козметички салон
Конференциски сали
Продавница за сувенири
2 лежалки и чадор – 15€ дневно