HOTEL OLYMPOS ** - ЛЕПТОКАРИЈА
На прекрасно место, помеѓу подножјето на планината Олимп и длабоките сини води на Термајскиот залив, во приморското место Лептокарија, се наоѓа хотелот Olympos.
Хотелот Olympos се наоѓа на 30 метри од морето и нуди мирен и опуштен одмор.
Пријатната атмосфера, целосно опремените соби со поглед кон морето и величествениот Олимп, базенот кој во текот на денот нуди освежување, а во вечерните часови опуштање со пијалок, како и вкусот и гостопримството на сопствениците, ќе го направат вашиот одмор незаборавен.
Гостите можат да уживаат во појадок à la carte со дополнителна надокнада. Хотелот има три ката и лифт.

Двокреветната соба се состои од 2 единечни кревети споени (90см x 200см), а нејзината големина е околу 15 кв.м. Сите соби се наоѓаат на горните катови. 
Трокреветната соба се состои од 2 единечни кревети споени (90см x 200см) и софа (80см x 190см). Големината на собата е околу 17 кв.м. Сите соби се наоѓаат на горните катови. 
Суитата е пространа соба која има две одделни простории: спалната соба со француски кревет (180см x 200см) и дневната соба со две единечни софи (90см x 200см). Секоја просторија има свој телевизор и клима уред. Големината на собата е околу 35 кв.м.

Сите соби имаат балкон.
 
.

ЦЕНОВНИК