HOTEL MONTENEGRO **** - ЧАЊ
Комплексот на хотелот Montenegro се наоѓа во мирниот дел на Чањ, на само 50 метри од морето.
Вкупниот капацитет на комплексот е 185 модерно опремени соби и апартмани, наменети за две, три или четири лица. Секоја соба располага со сопствено купатило, тераса, клима-уред, ТВ, Wi-Fi, мини кујна и фрижидер.
Во состав на комплексот се наоѓаат четири ресторани, од кои два се наменети за пансионска услуга, а два се à la carte ресторани, каде што се подготвуваат вкусни специјалитети од црногорската национална кујна, сите видови риба и десерти.
.