ХОТЕЛ МАИВА **** ОХРИД

Локација: На 4км од градот Охрид во туристичката населба Св.Стефан, 14км од аеродромот во Охрид.
Сместување: Хотел Маива располага со 30 луксузни студија, опремени со француски лежај и гарнитура за дневен престој, сателитска ТВ, мини бар и тераса со поглед на езеро.
Услуга: ВВ (ноќевање со појадок) или НВ (полупансион)
Содржини: хотелски ресторан, лоби бар, бар со летна тераса, надворешен базен, внатрешен џакузи базен, сауна и парна бања.
Плажа: на 150м од плажа


Предлог викенд прошетки и екскурзии во околина:

Tour of Gorno Konjsko (Времетраење: 1- 1:30 часа)
Оваа тура вклучува многу возбудливи моменти, прекрасен поглед кон Охридското Езеро и воодушевувачки слики од недопрена природа од старото село Горно Коњско, кое се наоѓа на висина од 1100 метри надморска висина.
- кратка обука за моторот ATV
- заштитна кацига за користење за време на турата
- водич за време на турата
- безалкохолен пијалок
- дневна карта за влез во Национален Парк Галичица

Посетување на 3 села Гoрно Коњско, Шипокно, Велестово(Времетраење: 2- 2:30 часа)
Ова патување започнува од Гoрно Коњско (вила Минами) и преку неасфалтиран пат низ прекраснитата природата на Националениот парк Галичица поминувајќи низ старото село Горно Шипокно и сè до Велестово. Овие прекрасни глетки  се достапни само со возење на оваа тура.
- кратка обука за моторот ATV
- заштитна кацига за користење за време на турата
- водич за време на турата
- безалкохолен пијалок
- дневна карта за влез во Национален Парк Галичица
- бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)

ПОСЕТА НА ПЕШТЕРАТА  Саматска Дупка (Времетраење: 4- 4:30 часа)
Оваа тура започнува и кај Горно Коњско и Вила Минами на 1100м надморска височина, а го следи патот до пештерата Саматска Дупка на 1450м надморска височина. Прекрасниот пејзаж и недопрената природа на овој дел од националниот парк Галичица претставуваат предизвик кој може да се надмине само со она што ве очекува внатре во пештерата. Саматска Дупка во основа претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси...
- кратка обука за моторот ATV
- заштитна кацига за користење за време на турата
- водич за време на турата
- безалкохолен пијалок
- дневна карта за влез во Национален Парк Галичица
- влезница за во пештерата
- бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)

ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛЕН ПАРК ГАЛИЧИЦА (Времетраење: 5:30 -6 часа)
Оваа тура започнува и кај Горно Коњско и Вила Минами на 1100м надморска височина, возењето низ целиот национален парк Галичица е навистина спектакуларно искуство кое никогаш нема да го заборавите. Почетокот на турата е стекнување на 300 m по асфалтен пат кој води до село Велестово. Како што го напуштаме селото, асфалтот се врти по карпест пат нагорно додека не стигнеме до врвот Крстец 1600м надморска височина, таму се прави пауза пред да се започне со спуштање до планинските ливади. Спуштајки се ќе имате можност да уживате во многубројните глетки на Охридското и Преспанското Езеро што го одземаат здивот, како и непдиорените природни сцени кои ќе ви овозможуваат да го доживеете вистинскиот дух на Галичица со сите нејзини уникатни убавини.
- кратка обука за моторот ATV
- заштитна кацига за користење за време на турата
- водич за време на турата
- безалкохолен пијалок
- дневна карта за влез во Национален Парк Галичица
- ручек на планина
- бесплатен трансфер од апартманите (за повеќе од 4 лица)