HOTEL LARA S *** - ДОБРА ВОДА
Локација
Плажата Велики Пијесак, од која студио-апартманите LARA-S се оддалечени околу 130 метри, е многу посетена и нуди разновидни содржини, вклучувајќи ресторани, кафетерии, слаткарници, ноќни клубови и мини-маркети.
Покрај слободниот дел, плажата е опремена со туш кабини, спортски реквизити за изнајмување и спасувачка служба. Секојдневно ја посетуваат туристички бродови, кои овозможуваат разгледување на подалечни плажи и острови на црногорското приморје.
Сместување
LARA-S располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студио-апартмани.
Секој студио-апартман има:
-
сопствено купатило
-
мини кујна со фрижидер (целосно опремена)
-
клима уред
-
ТВ со сателитска програма
-
голем дел од собите имаат поглед кон морето
Модерно опремените и удобни студио-апартмани нудат целосен комфор. Објектот има сопствени резервоари за вода, што гарантира постојано снабдување со вода.
Услуга
Изнајмување на студио-апартмани.
Плажа
Шљунковитата градска плажа е оддалечена околу 150 метри од хотелот. Плажниот мобилијар се плаќа дополнително.
Check In: 14:00 Check Out: 09:00