„Конак“ – Попова Шапка е модерен планински објект со традиционален изглед. Сместен на Шар Планина, во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба, релативно блиску до Тетово (18 километри)  и 55 километри од Скопје, главниот град на Република Македонија, го прави достапен да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви пружи ентериерот на објектот, комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.

ЦЕНОВНИК ЗА ХОТЕЛ КОНАК 4* Попова Шапка 2023 ГОДИНА

ХОТЕЛ КОНАК 4*
Попова Шапка
01.01.2023 - 31.03.2023
Двокреветна соба хотелска соба25,8 €
Сместување во соба со заеднички тоалет19,35 €
  • Цените понудени во табелата се по лице за ноќевање со појадок
  • Во цената не е учена туристичка такса 40 денари по ден по лице (за деца до 12 години не се пресметува турустичка такса)
  • Деца до 6 години - 100% попуст
  • Деца од 6-12 години кои коритат сопствен кревот -50% попуст