Хотелот „Интернационал“ е оддалечен на 5 минути од Езерото и само 15 минути од центарот на градот на атрактивна локација. Изграден во модерен стил хотелот „Интернационал“ нуди извонредни услови за престој на гостите. Хотелот располага со 35 стилски уредени соби, од кои 28 се двокреветни, 2 се четворокреветни, а 5 апартмани. Сите имаат клима уред, интернет и телевизија. Се издаваат по принципот ноќевање со доручек кој се реализира во специјалниот интерен ресторан наменет само за гостите кои користат сместување во хотелот.