HOTEL LUSSO MARE by AYCON **** Becici

 

Хотел Lusso Mare се наоѓа на само 300 метри од прекрасната плажа во Бечиќи. Близината на Будва, како и другите плажи како Словенска плажа и плажата Дукља, го прават овој хотел идеален избор за патници кои бараат луксуз и мир.
Локација
Елегантниот четиризвезден хотел Lusso Mare е отворен во пролетта 2019 година. Сместен е во Бечиќи – мало приморско место на јадранскиот брег, во близина на Будва, најпопуларното одморалиште во Црна Гора. Хотелот се наоѓа на 300 метри од една од најубавите плажи на Јадранот – плажата Бечиќи.
Хотелски содржини
На последниот кат на хотелот се наоѓа ресторанот, каде што се служи разновиден појадок на шведска маса. Во текот на денот, гостите можат да уживаат во локални и интернационални специјалитети, подготвени од врвниот хотелски готвач. Терасата на ресторанот нуди спектакуларен панорамски поглед кон синилото на Јадранот, околното зеленило и природниот пејзаж.
Појадокот вклучува:
✔ Домашни сокови
✔ Различни видови сирења
✔ Локален мед
✔ Домашни млечни производи
✔ Различни видови чаеви
✔ Свежо печиво
✔ Свежо овошје и сувомеснати производи
Во лобибарот, кој работи од 10:00 до 20:00 часот, гостите можат да уживаат во различни чаеви, свежи сокови и коктели.
Сместување
Хотелот располага со 12 модерни соби и 18 апартмани за 4 лица.
✔ Климатизација
✔ Бесплатен Wi-Fi
✔ LCD ТВ
✔ Мини-бар
✔ Сеф
✔ Функционални купатила со туш кабина
Услуга
На врвот на хотелот Lusso Mare се наоѓа à la carte ресторан кој нуди единствено гастрономско искуство, надополнето со елегантен амбиент и панорамски поглед кон Јадранското Море.
Појадок: 07:00 – 10:00
À la carte вечера: 17:00 – 22:00