HOTEL HARMONY **** - ПЕТРОВАЦ
Хотелот е отворен 2018 година. Елеганцијата, софистицираноста и комфорот се главните карактеристики на неговиот дизајн. Хотел Harmony е мал семеен хотел сместен во Петровац. Се наоѓа на 150 метри од плажата Петровац и на 300 метри од една од најубавите плажи на Јадранот – плажата Лучице. Хотелот Harmony нуди квалитетна услуга и разновидна понуда.
Хотелот располага со 27 модерни сместувачки единици, од кои:
– Апартмани – 7 единици,
– Стандардни двокреветни соби со поглед на планина – 8 единици,
– Стандардни двокреветни соби со поглед на базен – 12 единици.
Топлата и гостопримлива атмосфера, релаксирачкиот амбиент со сите удобности, во комбинација со љубезноста и професионалноста на персоналот, се главните карактеристики што го прават престојот во Хотел Harmony уникатен.
Wi-Fi е достапен низ целиот хотел, а гостите можат да користат и паркинг пред хотелот. Хотел Harmony располага со затворен ресторан со тераса, каде што се служи појадок на база на шведска маса.
Во текот на денот и вечерта можете да уживате во локални и интернационални специјалитети подготвени од нашиот врвен готвач.
Петровац се наоѓа на 28 км од Тиват, 12 км од Будва, 38 км од Подгорица и 20 км од Бар.
Градот располага со две плажи:
Главната плажа, позната и како Петровачка плажа, со должина од 800 метри.
Плажата Лучице, која е долга 200 метри и се наоѓа на 500 метри југоисточно од центарот на градот.
На околу 100 метри западно од брегот, се наоѓаат двeте островчиња „Катиќ“ и „Света Недела“, кои претставуваат популарни атракции во градот.
Покрај тоа, северозападно од Петровац има мала марина, како и познатата тврдина „Кастио“, која е уште една значајна знаменитост на ова живописно крајбрежно место.