HOTEL BELA VISTA **** Becici

 

Хотел Bella Vista е нов, модерен хотел кој на своите гости им нуди квалитетен престој и можност за пријатен и опуштен одмор. Комбинацијата на модерното и традиционалното го прави идеален избор како за парови, така и за семејства со деца.
Локација
Се наоѓа во Бечиќи, во непосредна близина на морето, на околу 100 метри од плажата, во тивка околина совршена за релаксација.

 

Хотелски содржини
Хотелот располага со ресторан, рецепција, модерен фитнес центар со најсовремени справи, сауна и џакузи. За секој гостин е обезбеден бесплатен паркинг простор.

Сместување
Хотел Bella Vista нуди различни типови соби и апартмани кои ги задоволуваат најразновидните потреби и стандарди на гостите. Двокреветните, трокреветните соби и апартмани нудат висок квалитет на сместување и максимална удобност.

  • Двокреветна соба
    Опремена со LCD ТВ со кабловска телевизија, телефон, безжичен интернет и сеф, обезбедувајќи висока функционалност и извонреден комфор. Овие соби немаат чајна кујна.

  • Студио за 2 лица
    Опремено со LCD ТВ со кабловска телевизија, телефон, безжичен интернет, чајна кујна и сеф. Предвидено за сместување на 2 лица.

  • Студио за 3 лица
    Опремено со LCD ТВ со кабловска телевизија, телефон, безжичен интернет, чајна кујна и сеф. Предвидено за сместување на 3 лица.

  • Апартман за 2-4 лица
    Опремен со LCD ТВ со кабловска телевизија, телефон, безжичен интернет, чајна кујна и сеф. Предвиден за сместување од 2 до 4 лица.

  • Апартман за 4-6 лица
    Опремен со LCD ТВ со кабловска телевизија, телефон, безжичен интернет, чајна кујна и сеф. Предвиден за сместување од 4 до 6 лица.

Услуга
Ноќевање со појадок (шведска маса), со можност за доплата за полупансион.

Плажа
Големата плажа во Бечиќи е оддалечена околу 100 метри. Хотелот располага со сопствена опремена плажа. Плажниот мобилијар се наплаќа дополнително