БАЊА БАЊИШТЕ И КОСОВРАСТИ - ДЕБАР

Сместен на надморска висина од 880 метри, Бањиште е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело и прекрасната храна. со вкупeн капацитет од 126 соби, овој ресорт е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и дел од медицинските простории.
Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вонвременска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, ресортот Бањиште однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости.
Бања Косоврасти
 е едната од двете бањи во состав на Дебарските бањи во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 590 метри. Сместена е во истоименото село, на 5 километри северно од градот Дебар, на самиот брег на Дебарското Езеро.

Термоминералниот извор е предиспониран со длабински расед. Теренот е изграден од флишни седименти што содржат гипс. Изворот дава 68,8 л/сек вода, која има температура од 48°C и радиоактивност од 34 м.е.. Во себе содржи калциуммагнезиумнатриум и калиум, како и сулфатиМногу е присутен сулфурводородот, а од ретките елементи литиумот и флуорот. По количеството сулфур во еден литар вода, Косоврашката бања се наоѓа на трето место во Европа и е многу слична со водата од Ахенските извориВо бањата се лекуваат ревматични, гинеколошки и кожни заболувања, како и болести на жолчните и бубрежните патишта.

 

ЦЕНОВНИК ЗА 2024 - 2025
ТИП НА СОБА2024-2025
ДВОКРЕВЕТНА СОБА44 €
Во цените е вклучено:
  • Цените понудени во табелата се по лице за ноќевање со појадок;
  • Користење на внатрешен минерален базен и Спа Центар (хамам, сауна);
  • Користење на Акуа Спарк (ако резервацијата е за Бања Косоврасти).
 
ДВОКРЕВЕТНА СОБА
ДВОКРЕВЕТНА СОБА

СПА ЦЕНТАР
Приватен базен
За уживање во термоминералните води со целосна приватност, Спа Центарот во Бањиште нуди два базена.


Третман за лице
Третманите се прилагодени на типот на кожата на клиентот или проблематичните области.
Редовното чистење на лицето од бели или црни точки е неопходен процес кој овозможува правилно функционирање на порите на кожата. Подоцна нанесување маски за лице не само што ќе ја регенерира кожата, туку и ќе ве релаксира.


Сауна
Потењето ги отстранува нечистотиите од телото и е најдобар начин за детоксикација. Исто така, потењето ја зголемува циркулацијата на крвта со проширување на садовите и значително го намалува крвниот притисок.

Кал
Терапијата со кал е многу посебен третман, исто како и самите води. Оваа уникатна терапија се состои од 100% природна кал од вулканско потекло сместена во близина на извори на термална вода.

Парна бања

Има слични ефекти како сауната, но разликата е во тоа што потењето се прави во парна соба каде влажноста на воздухот е речиси 100%. Престојот во вакви услови значително го зголемува имунитетот на организмот и дава чувство на релаксација.
ЗАРВОРЕН БАЗЕН
САУНА
БАЊА