HOTEL ADRIA *** - ЧАЊ
Хотелот Aria е модерен објект со три ѕвезди, сместен во мирниот дел на Чањ, на околу 250 метри од плажата, изолиран од бучава. Неговиот луксузен дизајн и сеопфатната понуда обезбедуваат удобност, мир и вистинско задоволство за гостите. 

Сместување: Хотелот располага со 20 модерно опремени студио апартмани кои вклучуваат мини кујна, апарат за кафе/чај, прибор за јадење и фрижидер, како и 9 модерно дизајнирани соби со бесплатна интернет конекција и кабловска телевизија. Сместувачките единици се двокреветни и трокреветни, при што повеќето имаат поглед кон морето. 
Услуги и содржини:
Ресторан: Понудата е на база на полупансион, со појадок на шведска маса и вечера со избор од дневно мени.
Базен: Гостите имаат можност за целодневно користење на отворениот базен.
Паркинг: Објектот располага со обезбеден и бесплатен паркинг.
Плажа: Хотелската плажа "Vela Beach & Bar" е оддалечена околу 250 метри од хотелот. Гостите на хотелот добиваат попуст за користење на плажниот мобилијар.
.