HOTEL ADRIA HARMONY ***- ЧАЊ
Хотел Adria се наоѓа во помирниот дел на прекрасниот бисерен брег на Чањ, на само околу 100 метри оддалеченост од морето. Благодарение на својата локација, хотелот нуди тивко и изолирано место за вистински хармоничен одмор и рекреација на туристите.
Локација
Хотелот е сместен во мирниот дел на Чањ, на само 100 метри од морскиот брег, нудејќи совршена комбинација на спокојство и удобност за своите гости.
Хотелски содржини
Она што го прави хотелот пријатно место за престој се неговите пространи и функционални содржини. Хотелот располага со климатизиран ресторански простор, летна градина опкружена со зеленило и борова шума, како и мало детско игралиште, кое особено е значајно за најмладите гости.
Гастрономската понуда на хотелот Adria вклучува разновиден избор на јадења од домашната и медитеранската кујна. За опуштање, гостите можат да уживаат во затворениот базен, џакузи и сауна.
Дополнителни содржини:
✔ Затворен базен со кафе-бар на 5-тиот кат (го користат возрасни и деца над 12 години со придружба на минимум една возрасна личност).
✔ Сауна (само за полнолетни лица).
✔ Џакузи на покривот со кафе-бар.
✔ Бесплатен Wi-Fi интернет низ целиот хотел.
✔ Лифт за удобен пристап до сите ката.
✔ Бесплатен паркинг за гостите на хотелот.

Сместување
Модерно опремените соби (двојни, трокреветни и четирикреветни) обезбедуваат целосен комфор и удобност.
Секојa собa располага со:
Приватно купатило
Тераса
Телевизор со сателитски канали
Фрижидер
Клима уред
Wi-Fi конекција
Повеќето соби имаат поглед кон морето
Гостите можат да изберат стандардни соби (високо приземје, прв и втор кат) или лукс соби (трет, четврти и петти кат).

Услуга
✔ Полупансион – појадок и вечера на шведска маса.
Плажа
Плажата е комбинација од ситен чакал и песок, оддалечена околу 100 метри од хотелот. Плажниот мобилијар (лежалки и чадори) се наплаќа дополнително.
 
.