Локација: Хотелот е лоциран во строгиот центар на Копаоник, пред ски терените.
Сместување: 97 луксузни соби и 21 апартман
СПА и велнес содржини: Спа центар со отворен базен, на 900м², затворен и отворен базен со поглед на ски терените, сауни, амам, руска бања, ледена фонтана, солена соба, тепидариум.
Хотелски содржини: Лоби бар, A la carte ресторан, главен ресторан и ресторан за скијачи, игралиште за деца, конференциска сала со 470 седишта и мултифункционална сала од 470 м2, Фитнес центар
Дополнителни услуги со доплата: Фризерски и козметички салон, 80 гаражни места и 40 паркинг места
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Ноќевање на услуга - Полупансион (појадок и вечера)
- Неограничено користење на велнес и СПА центарот (затворен базен, џакузи, релакс зона, тапидариум, сауна, парна бања, ледена фонтана...
- Користење на отврен базен со топла вода
- Користење на фитнес центарот
- Wi-Fi интернет во хотелот
- Ски остава
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса за престој1,02€ по лице/по ден за возрасни | 0,70€ за деца 07-15 го | Деца до 7 години – ГРАТИС (доплата во агенција)
УСЛОВИ ЗА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ ИЛИ ПРОМЕНА НА ДАТУМ:
Гостинот е должен во писмена форма да ја извести агенцијата за откажување или промена на датумот на аранжманот.
Во зависност од периодот на откажување, од вкупната цена на аранжманот се задржуваат следните проценти:
- 30% доколку се откаже до 15 дена пред почетокот на аранжманот.
- 80% доколку се откаже во период 14-8 дена пред почетокот на аранжманот.
- 100% доколку се откаже во период 7-0 дена пред почетокот на аранжманот.
На веќе потврдена резервација, промена на датумот може да се направи само со согласност на хотелот.
Доколку гостинот поради која било причина предвреме го заврши престојот, хотелот го задржува правото да не ја врати сумата за неискористениот дел од аранжманот.
Хотелот не ги зема предвид неповолните временски услови како валидна причина за откажување на резервацијата или предвремено заминување од хотелот.
ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ:
• "Double room" (30-32 м2): Опременa е со француски кревет (димензии 200х180см), софа и посебна бања со подно греење. Позицијата на овие соби им овозможува на гостите поглед на Конаците и на Мало Језеро.
• "Superior room" (32m²): Oпремена со француски кревет (димензии 200x180cm), софа кревет (димензии 180x120) и посебна бања со подно греење. Позицијата на овие соби им овозможува на гостите поглед на врвот Панчиќ и поглед на Конаците и патеката Мало Језеро. Постои можност за поврзани соби за одредени сместувачки единици од овој тип.
• "Superior/Тwin room" (32m²): Oпремена со два посебни кревети (димензии 200x100), софа кревет (димензии 180x120) и посебна бања со подно греење. Позицијата на овие соби им овозможува на гостите поглед на врвот Панчиќ и поглед на Конаците и патеката Мало Језеро. Постои можност за поврзани соби за одредени сместувачки единици од овој тип.
• "Superior/Family room" (34m²): Oпремена со брачен кревет (димензии 200x180cm), пространа софа кревет (димензии 180x140) и посебна бања со подно греење. Позицијата на овие соби им овозможува на гостите поглед на врвот Панчиќ и поглед на Конаците и патеката Мало Језеро.
• "Deluxe room" (35м2): Oпремена со брачен кревет (димензии 200х180см), софа кревет (димензии 180х120см) и посебна бања со подно греење. Позицијата на овие соби им овозможува на гостите поглед на врвот Панчиќ и поглед на Конаците.
• "One-bedroom suite" (55м2): Апартманите се состојат од пространа дневна соба со софа (димензии 180x140cm) која може да се користи како дополнителен кревет и спални соби опремени со брачен кревет (димензии 180x200cm). Спалната соба има посебна бања со подно греење. Во дневната соба има посебен тоалет со подно греење.
• "Two-bedroom suite" (100м2): Апартманите се состојат од пространа дневна соба со софа (димензии 180х140см), маса, столици и практична кујна и две спални соби опремени со брачен кревет (димензии 200х180см). Станот има две посебни бањи со подно греење. Едната соба има сопствена бања, додека другата соба и дневната делат една бања. Апартманот има тераса.