FKK ADA BOJANA (нудистичка населба) - Улцињ
Локација:
Во прегратка меѓу реката Бојана и Јадранското Море, се наоѓа рајски остров, прочуен низ целиот свет по нудистичкото населено место и недопрената природа. Иако се наоѓа во медитеранскиот појас, на островот владее суптропска клима. Го краси единствен екосистем и зајдисонца кои оставаат без здив.
Долж реката Бојана се наредени бројни автентични рибарски куќички и атрактивни ресторани кои нудат свежо уловена риба подготвена на традиционален начин. Населбата се наоѓа 15 км од Улцињ, на југозападниот дел од островот, во близина на нудистичката плажа.

Хотелски содржини:
Разновидните активности и спортската понуда на Ада Бојана нудат можности за активен одмор, додека добрата храна и врвното вино ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гурмани.
За спорт и рекреација, гостите на хотелот можат да користат тениски терени, терен за мал фудбал, одбојкарско игралиште кое се наоѓа директно на плажата, како и маси за пинг-понг. Една од најпрепознатливите атракции на Ада Бојана, која воедно е симбол на ова летувалиште, е јавањето коњи.
Во понудата на Ада Бојана се вклучени и спортови на вода: сурфање и едрење, а за оние кои сакаат адреналин, во непосредна близина на хотелскиот комплекс се наоѓа школа за екстремни спортови, како што се виндсурф, кајтсурф и летање со змеј.
За изнајмување на неопходната опрема, гостите можат да се обратат на рецепцијата. По активниот ден, се препорачуваат релаксирачки масажи кои ги изведуваат врвни масери во специјално уреден простор за масажа, кој се наоѓа спроти ресторанот.

Сместување:
Населбата се состои од вили и бунгалови. Гостите имаат на располагање два типа на соби: Тип A (180 соби) и Тип L (70 соби).
Тип A – Еднокатни вили од павилјонски тип, распоредени спроти зградата на ресторанот, на југ и југозапад кон нудистичката плажа и на запад кон устието на Бојана во морето. Соби во вилите се двокреветни или трокреветни, со бања и тераса, и располагаат со клима-уред, телевизор и мини-фрижидер.
Тип L – Овие соби се најпространи и идеални за семеен престој. Се наоѓаат веднаш на плажата, во објекти со форма на гроздови. Шестоаголните соби располагаат со француски лежај и софа на развлекување, голем гардеробер и бања. Сите Тип L соби имаат клима-уред, фрижидер, телевизор и тераса со поглед на море.

Услуга:
Полупансион – појадок и вечера на принцип на шведска маса.

Плажа:
Уникатната песочна плажа е нудистичка и се наоѓа во рамките на нудистичкото населено место.

Дополнителни информации:
Check-in: 14:00
Check-out: 10:00
Домашни миленици: Да, со доплата
Интернет: Бесплатен WiFi пристап на јавни места
Паркинг: Достапен, бесплатен
Персонал: Вишејазичен
Соби: Климатизирани
.
- Цените се дадени во евра, на база полупансион по лице дневно.
- Појадок и вечера се на шведска маса.
- Цена за ноќевање со појадок се истите цени за полупансион со -15% намалување.

Попусти:
- Деца до 2 години имаат бесплатно сместување.
- Деца до 10 години имаат 30% попуст во посебен кревет. Додека во кревет со родител имаат 50% попуст.
- Попуст за трето легло е 20%.

Доплати:
- Туристичка такса и осигурување е 1,5 € по лице дневно,деца 12-18 години плаќаат 50% од таксата и осигурување, и деца до 12 години плаќаат 0.5 €
- Минимален престој е 3 дена, помалку од 3 дена цената се зголемува за 20%.
- Доплата за полн пансион е 20%.
- Доплата за еднокреветна соба е 60%.
- Доплата за “поглед на море'' е 10%.