Додека сте на Евиа, пред Вас се мноштвото места кои заслужуваат ваше внимание и евентуална посета. Тука е на пример, плажата Аликес во селото Друзија, оддалечена на само 10 км од главниот град, па плажата Елиники со прекрасното островче на кое се наоѓа црквата Св.Никола, па плажата Василики со крупен песок и чисто море, па вулканските острови Лихадес кои се насочуваат на југо-запад од Евиа до колонијата на делфините и фоките кои тука го пронашле својот природен мир... и многу, многу други места налик на нив. Освен заштитникот на островото Св.Давид Евиски, посебно место завзема и манастирот кој ги чува моштите на Св.Јован Рус, за кој се верува дека е чудотворц, и чива рака се чува во манастирот Св. Пантелејмон на Света Гора.
_______________________________________________________
Пефки - најпознатото и најомилено одморалиште за нашите туристи на вториот по големина грчки остров Евиа, се наоѓа на околу 60 километри од Волос (околу 50 километри Волос-Глифа)-(мало пристаниште), фериботско возење (20-30 минути), околу 10 километри од Агиокампос (мало пристаниште на северот на Евиа) - Пефки).
Од плажата во Пефки и од рестораните и кафулињата покрај брегот, има прекрасен поглед на островите Скијатос и Скопелос, како и влезот во заливот на Волос. Климата е исклучително пријатна, благодарение на комбинацијата на големи области борова шума и маслинови дрвја, кристално чисто море и исклучително поволна географска положба. Островот е познат по своите бесконечни песочни плажи, културни и историски места, манастири и недопрена природа што овозможуваат безброј можности за уживање и разгледување. Пефки има рибарско пристаниште и изобилува со пријатни ресторани, таверни, кафулиња, многу разни продавници, бутици, златарници, намирници и пазар на риби, каде што можете да купите свежа риба фатена од локалните рибари. Градот ги нуди сите можности за пријатен и убав одмор. Пефки е погоден за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор со прекрасна широка плажа.
_______________________________________________________
Скиатос е оддалечен од Пефки, на само час и половина пловење со брод. Токму затоа и би било права штета, доколку не се искористи неповторливата можност да се посети еден од најпознатите острови од групата Споради. За многумина негови посетители, еден од најубавите сотрови на Егејското море, нуди можност - во еднодневен излет, да се запознаете со сите негови природни и туристички карактеристики поради кои се вбројува во групата на "единствени". Познатата плажа "Кукунаријес" со прекрасната околина и понуда, мноштвото куќички со стара архитектура, црквичките, прекрасните плажи... се само дел од неповторливите панорами на Скиатос. Но и останатите острови од Спорадите, како Скопелос и Алонисос нема да ве остават помалку рамнодушни. Едноставно, богатство од природни убавини и реткости на еден релативно мал простор, ќе чекаат на Вас, да бидат откриени.- А близината на Пефки, ви го овозможува токму тоа!?
Дури и Атина, која е на само 80 км оддалеченост, не е недостапна за евентуален еднодневен излет преку локалните туристички агенции. Доволно ќе биде само вашата желба, за да го направите тоа. Вооедно ќе имате одлчна можност да ги погледнете плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол и новиот Акрополски..