Дубаи – е дел од седумте емирати кои ги формираат Обединетите Арапски Емирати. И покрај тоа што Абу Даби е главниот град, денес главната туристичка атракција поставена на персискиот залив на југоисточниот дел на Арапскиот полуостров, е токму Дубаи. Тој вушност наликува на независен град – држава и е несомнено најмодерниот и најпрогресивниот од седумте емирати. Карактеристична е пустинска или суптроспка клима, и освен во лето кога температурата може да достигне и до 49 степени, во остатокот од годината ужива исклучително пријатна клима, со температура од 20 - 35 степени. Локална валута е дирхам 1 EUR = (околу) 5 AED. По лансирањето на метрото како јавно превозно средство, Дубаи го добива веројатно најдобриот јавен транспорт на Средниот Исток. Сите возови и станици се климатизирани и интересен е фактот што метрото во Дубаи е првата урбана железница на Арапскиот полуостров. Автобускиот превоз има широко развиена мрежа на 193 утврдени маршути. Низ градот може да се движите и со такси кое е лесно достапно и вози по однапред утврдени идентични цени на сите такси компании. Како релативно нова туристичка дестинација, Дубаи носи одлика на однапред спремен град, во потрагата да ги задоволи апетитите на секој модерен турист. Тоа се должи на фактот што шеикот Мактум, одлучил сите свои приходи од производствто на нафта да ги вложи во туризам, по што Дубаи доживува вистински туристички бум и станува една од омилените туристички дестинации на сите оние кои сакаат да го истражат мистичниот исток и да уживаат во луксузот и песочните плажи. Дубаи е во главно пустински град со извонредна инфраструктура и атипично во споредба со регионалните стандарди има полиберални правила, заради што станува популарна дестинација и нуди одлични туристички погодности. Близината до европското копно го прават одлична дестинација, дури и за краток престој. Заради квалитетниот животен стандард во последните години градот бележи и највисока стапка на доселеници во светот. Денес, со познатата плажа Џумеира, бројните шопинг центри, традиционалните и автентични арапски пазари, модерните облакодери и луксузните хотели, претставува вистинска туристичка оаза во пустината.
• Дубаи е совршен град за бизнис состаноци, кој се наоѓа во центарот помеѓу Европа, Блискиот Исток и Африка. "Модерно" е најчеста асоцијација на овој град.
• Предводник од градовите кои се погодни за состаноци и конференции, и понатаму претставува непозната и неоткриена дестинација за поголемиот број на клиенти.
• Ви нуди сонце, плажа, песок, планина, наследство и останати културни искуства. Ни нуди мешавина на модерна и традиционална инфраструктура и архитектура.
• Во Дубаи стапката на криминал е еднаква на нула, со што го добива признанието од Интерпол како најбезбедна дестинација, веќе неколку години наназад.
• Претставува спортска престолнина на Блискиот исток застапена во најголемиот дел од светскиот календар на активности.
Разглед на Дубаи
Богат спој на стара и нова архитектура ве оставаат без здив на секој чекор. Турата ве води кон прекрасен поглед на Крик во Дубаи, минувајќи покрај историската област Бастакија. Потоа посета на Форт Ал Фахиди, 225 години, каде градскиот музеј чува вредна архива од историјата на Дубаи. Традиционалниот брод Абра ве. Дубаи Крик, во посета на пазарот за зачини и чаршија за злато. На патот кон Бурџ Ал Араб, најлуксузниот хотел во светот, пауза покрај џамијата Jумеира. Турата вклучува и посета на полуостровот Палма, пауза и можност за фотографирање прокрај познатиот хотел Атлантис.
Разглед на Абу Даби
Еден од најголемите производители на нафта во светот и интересна туристичка дестинација
Главниот град на Емирати ја има една
од најголемите џамии во светот, ќе бидете воодушевени од прекрасната величествена џамија на шеикот Зајед. Потоа разгледот продолжува низ срцето на градот, Плоштад, истиот е украсен со симболи инспириран од обичаите на оваа земја. По возењето по шеталиштето, ќе посетите и етно село. Ќе имате можност за уживање во шопинг во Марина Мол и получасовна посета на Ферари Светот.
Пустински сафари со вклучена вечера
Незаборавна возбуда на дините од злато, Сафари ви дава можност да ја запознаете пустината на посебен начин. Се прави мала пауза на највисоките дини за да уживате во зајдисонцето. Во срцето на пустината посета на автентичното село Бедуин, каде можете да најдете сокови, чај, кафе и локална облека. Можете да јавате камили или да се опуштите со наргиле. Вечерта можност за вечера, скара под ѕвездите во ритамот на арапската музика и егзотичните танци.
Вечерно крстарење
Вечера под месечината и светлата на облакодерите. Поминете една опуштена вечера на традиционален брод (dhow) со пловење низ Дубаи Марината. Ова е најголемата марина во светот, во која се издига цел град. Космополитски дух, опуштена атмосфера и светла на современи облакодери се совршена позадина за незаборавна вечера.
Бурџ Калифа
Погледнете над облаците, од неговата висина од 828 метри, тоа е Бурџ Калифа. Тешко е да се промаши, највисоката зграда во светот доминира во панорамата на градот, но е реална големина што најдобро ќе ја доживеете одблизу.
Бурџ Ал Араб
Луксуз на најлуксузниот хотел во светот. Доживејте малку луксуз во Бурџ Ал Араб еден од најпрепознатливите симболи на модерноста во Дубаи, познат по својата архитектура.
Аквавантура- аква парк
Најголемиот и највозбудливиот аква парк на Блискиот исток, се наоѓа во рамките на хотелот Атлантис, опфаќа 42 хектари и има најразлични атракции на вода, слајдови, реки, брзаци, бујни тропски предели и пристап до приватна плажа.
Пливање со делфини
Има ли нешто позабавно од дружење со делфини. Посетата на Делфинскиот Залив ви дава можност да се запознаете и дружите со делфини. Ве советуваме да го посетите едукативниот центар, каде што можете да дознаете повеќе за овие фасцинантни цицачи
Хеликоптер турнеја
Запознајте го градот од поглед на птица... Оваа спектакуларна турнеја со хеликоптери ви дава можноста да се видат сите модерни чуда на Дубаи на посебен начин. Од височина уживате во погледот на прекрасниот брег и плажите, Бурџ Ал Араб, Палмата, Џумеира, како и гордоста на Дубаи- Бурџ Калиф.
Ферари Светот- Абу Даби
Возбуда за целото семејството, навивачите и тркачки фанатици. Овој тематски парк го прави познат по страста, врвната изведба и техничката иновација за која е познат Ферари. Тој нуди уникатни возења, атракции, симулатори и забава за децата. Рос Формула, најбрзиот ролеркостер во светот, достигнува брзина од 240 км на час. Можете да го испробате на високо-модерни симулатори за трки.
Визен режим: За Македонски државјани потребна е виза. За добивање на истата потребно е да се аплицира преку авио компанијата или туристичка агенција (резервација за хотелско сместување). Цената на визата е 90-110 $.
Важност на пасош: При влез во О.А.Е, важноста на пасошот потребно е да биде минимум 6 месеци од датумот на пристигнување.