ДРАЧ

Драч — приморски град во Албанија кој излегува на Јадранско Море. Претставува седиште на Драчката област средна Албанија, на 35 км од главниот град Тирана. Драч претставува најголемото пристаниште во Албанија и важна порта кон Средоземјето, а тоа го прави најзначаен град во развојот на економијата во земјата. Тој е всушност и најстариот град во Албанија чии зачетоци се во антиката. Според пописот од 2003 г. во Драч живеат околу 114.000 жители, а има и извесен број етничко македонско население. Градот има медитеранската клима. Располага со многубројни музеи и знаменитости меѓу кои – Венецијанксата тврдина, амфитеатарот – еден од најголемите на Балканот. Многубројни ресторани покрај морето нудат свежа риба или морски специјалитети. Долгата песочна плажа по која Драч е познат како и мноштвото од хотели, апартмани, ресторани крај самото море.