Куба

Куба (шпан. Repъblica de Cuba) — најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ.
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно. Варадеро е ексклузивниот дел на Куба со прекрасни плажи. Сместен е на полуостровот Хикакос, на околу 140 км источно од Хавана. Варадеро претставува најголем комплекс од ресорти на Карибите, со голем број на ресторани и хотели. Поради преубавите бели, песочни плажи и море што остава без здив, останува меѓу најпопуларните туристички места на светот.
Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.

Општи информации

 
ГЛАВЕН ГРАД: ХАВАНА
 
ПОВРШИНА: 110,861 km2
 
ПОВИКУВАЧКИ КОД: +53
 
ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК: ШПАНСКИ
 
ВАЛУТА: Кубански песос

 
 
ВРЕМЕНСКА ЗОНА: UTC + 06:00 

Галерија

Информации за дестинацијата

Куба е прекрасна дестинација за семеен одмор затоа што станува збор за безбедно, природно место и има многу културни знаменитости кои што вредат да се видат.  Пристапот до интернет е исклучително скап. Имено, еден час користење на интернет чини 6 долари, а неколку долари поскапо е користењето на безжичниот интернет. Исто така, сосема мал број на хотели нудат интернет во својата понуда.
 
Во Куба, за само 40 центи можете да се возите во Форд, Шевролет или друг американски автомобил кој е постар од вас, а можеби и од вашите родители. Во 1962 година, Америка щ забранува на Куба увоз и извоз на автомобили, па Кубанците, поради тоа што не можеле да ги одржуваат своите автомобили, морале ги „паркираат“ за некои подобри времиња. Поради тоа што се добро зачувани, овие автомобили претставуваат вистинско богатство за своите сопственици.    
 
Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С. Со своите долги песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, секоја година примамува милион туристи од целиот свет. Најголемото и најпознатото место Варадеро, го посетуваат 1 милион странски туристи годишно. Еден од најпознатите жители на Куба бил познатиот писател  Ernest Hemingway кој поминал цели 22 години на овој егзотичен и магичен остров.

ЗНАМЕНИТОСТИ

Клима

CUBA WEATHER

Важни информации

Визен режим: За државјани на Република Македонија, виза за престој до 90 дена во Куба се вади на аеродром при пристигнување.
Вакцинација: Не е неопходна за патниците кои патуваат во Куба, но препорачливо е патниците индивидуално да се информираат во Институтот за јавно здравје. 

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Кога е најдобро време да се посети Куба?

Климата на Куба е тропска, со просечна температура од 25 °C. Најповолно време за патување во Куба е периодот од ноември до мај месец. Во овој период има голем број на сончеви денови и сонце. Доколку целта на вашето патување е посета на некоја од плажите, препорачуваме да одите во февруари и март, бидејќи тогаш и температурата на водата е повисока. За локалното население летото започнува во периодот од јуни до септември, и тогаш можете да наидете на големи гужви на плажа.

Што да купите за подаро од вашето патување во Куба?

Најпознато место или пазар за купување на подароци и сувенири е улицата Avenida del Puerto односно пазарот Almacenes San Jose. Тука можете да најдете цигари/пури, рум, слики или накит изработен од црни корали и бисери.

Каде да најдете локално такси?

Едно од најинтересните искуства на Куба е возењето со такси, односно автентичен стар кубански автомобил кој го управува локалец. Препорачуваме пред качување во такси однапред да се договорите за цената на превозот во зависност од дестинацијата. На овој начин ќе го разгледате градот по локалните улици и ќе го доживеете на автентичен начин. Уште еден начин на превоз во Куба доколку се движите помеѓу Централна и Стара Хавана е локалното Coco taxi, кое е возило со изменета форма и направено со седиште за 2 лица, кое личи на кокос.

Плажи кои препорачуваме да ги посетите на Куба

Ви препорачуваме да ги посетите плажите на северните острови кои се одликуваат по белата боја. Исто така интересни за посета се и островите Cayo Santa Maria и Cayo Coco. Во близина на Хавана се наоѓа плажата Santa Maria, која претставува омилено место за туристите и за локалното население. Доколку сте љубител на нуркање и сакате помалку достапни плажи, тогаш препорачуваме да одите на јужната страна и плажите кои се наоѓаат во близина на Punta Cadiz.

Како да се вклучите на интернет при вашето патување во Куба?

Во Куба се направени специјални Wi-Fi паркови каде се овозможува на локалното население и туристите да се вклучат на интернет. За да се вклучите на интернет потребно е да купите картичка од некое од овластените места на ETECSA, за користење на истата во wi-fi парковите, можете да ја купува по исклучително поволна цена од само 1 кубански песос.

Од нашиот блог

Пребарајте цени, резервирајте хотели и селектирајте понуди на нашата "online" платформа за продажба.