БЕЛЕК

Белек е мало туристичко место на медитеранскиот брег во провинцијата Анталија во Турција, и има одлична позиција бидејќи се наоѓа на 36 километри од аеродромот во Анталија. Во ова туристичко место има многу луксузни хотели опркружени со густи борови шуми, со долги песочни плажи и претставува идеална дестинација за летен одмор.
Белек е општина во турската провинција Анталија. Претставува урбана целина во рамките на градот Серик. Плажата е долга околу 15 км. Песокот е златен, а морето е тиркизно сино и кристално чисто. Тој е еден од најголемите туристички центри во Медитеранот и претставува
 еден од центрите на турскиот туризам.. Во него се сместени над 30 феноменални и луксузни хотели со 4 * и 5 *.
Белек е погоден и за најмладите. Во неговата околина се наоѓаат неколку водени паркови, а најмногу привлекува Делфинариумот каде најмалите можат да си поиграат со делфините и да ги видат како функционираат заедно со луѓето.
Природата околу Анталија е погодна за многу екскурзии и авантури. Во пакет со Анталија не се добива само море, сонце и плажа, туку се добива и рафтинг, сафари и офф-роуд.
Белек нуди комплетно уживање за оние кои дошле во одморот да вкусат сè и да не останат никако незадоволени на крајот од летувањето. Белек е место кое нуди секаков вид на забава, авантура и одмор...



МЕСТА ВО БЛИЗИНА НА БЕЛЕК

Белек е центар на голфот. Терените за голф на ова место се познати на сите љубители на овој спорт. Овде има терени за почетници и професионалци каде можат да играат.
Недалеку од Белек, има водопади Куршунлу, во кои живеат над 100 видови птици. Сместени се во истоимениот парк на реката Аксу. Идеален е за пешачење, релаксација и уживање во прекрасниот поглед на водопадите, а паркот е полн со дрвја и цвеќиња.
Аспендос е голем амфитеатар лоциран во Белек и прима 15 000 посетители. Ова е дело на архитектот Зенон и е изградено во 2 век. Тоа е архитектонско чудо полно со галерии, украси и акустика. Театарот е добро сочуван и денес е домаќин на бројни концерти во текот на летните месеци.