Индонезија, односно Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и е составена од околу 18.330 острови од кои 6000 се недопрени. Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата тргувалa со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели и со тоа ја развивале својата држава. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Прекрасната Индонезија може да се гордее со својата втора по големина шума во светот. Главните туристички атракции се наоѓаат во Џакарта, Бали, Јогјакарта Индонезија ги има сите потенцијали да стане глобален лидер, но таа е попречена од лошо образование и корупција.
ЏАКАРТА е главен и најголем град во Индонезија. Се наоѓа на северозападниот дел на островот Јава. Се простира на површина од 664 км2 а во него живеат околу 9,5 милјони жители. Со пошироката околина оваа бројка се искачува на 24 милјони жители. Џакарта е значаен политички центар на Индонезија, исто така е и многу популарна дестинација на туристичката мапа на оваа островска држава.
На територијата на Џакарта преовладува тропска монсунска клима, со влажни и суви периоди. Влажната сезона трае од ноември до јуни. Остатокот од годината е под влијание на сува клима. Температурите се генерално пријатни и постојани во текот на целата година.
Џакарта не е само архитектура. Ова е град за вистинско уживање. За шопинг има голем број продавници и трговски центри. Постојат врвни ресторани каде што можете да пробате многу вкусни јадења, домашни и странски. Градот е исполнет со клубови и барови. За убавина и релаксација има центри за масажа и спа центри. За целосно доживување, можете да посетите некои од плажите на Џакарта, но не треба да се ограничувате само на тие плажи бидејки Индонезија е полна со прекрасни плажи и места за уживање. Џакарта нуди многу повеќе. Градот е исполнет со богато културно и историско наследство и е во совршена симбиоза со современиот начин на живот. Ова е град на забава и возбудливи доживувања, со гостопримлви, насмеани и пријателски настроени луѓе. Џакарта, заедно со островот Индонезија, е прав рај и одлична дестинација за незаборавно патување.
БАЛИ е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33 покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.
Визен режим: За државјаните на Македонија потребна e виза (околу 295 $), со локален спонзор.
Важност на пасош: Рок на важење на пасошот при патувањето мора да биде најмалку 6 месеци.